- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
Author: Author 04
Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне брзина од 60 километри на час, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 (km/h). Во понеделник и деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на деловниот форум „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“. Настанот беше организиран во соработка со Стопанската комора, Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации и Делегацијата на Европската Унија. Главни теми на дискусијата беа начините на кои македонските компании можат да ја зголемат својата конкурентност во услови на брзи геополитички, економски и технолошки промени на глобално ниво. Муцунски преку социјалните мрежи упати порака за важноста од навремено препознавање на пазарните можности и инвестирањето во иновации. Министерот ја потврди заложбата на ресорот со кој раководи за…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ рече дека СДСМ нема да дозволи изборен грабеж и нема да поддржи измени на Изборниот законик без јасни законски и безбедносни гаранции. Таа истакна дека предложените измени не смеат да ги загрозат демократските стандарди и интегритетот на изборниот процес. „За еден ваков реформски закон, којшто требаше да биде по европски модел, треба да се разговара и за вакви клучни прашања да имаме консензус од сите политички субјекти во општеството. Потребно е ревидирање на членот којшто предвидува електронско гласање на дијаспората без контрола и без механизам на заштита“, рече Лукаревска.…
Жителите на скопската населба Нерези во општина Карпош по неколку децении ќе добијат нова и модерна водоводна мрежа, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со слабиот притисок на вода и честите дефекти во овој дел од градот. Увид во теренските градежни активности извршија Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски, кои истакнаа дека се врши целосна замена на старата и дотраена инфраструктура која одамна го надминала својот век на употреба. Ѓорѓиевски посочи дека по неколку децении, жителите на Нерези Конечно ќе добијат сигурна, модерна и квалитетна водоводна мрежа, чиста вода за пиење и нормален притисок во нивните домови. Според него,…
Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, ги продолжија традиционалните месечни средби со новинарите на кои информираа за тековните проекти што ги реализира локалната самоуправа. Во фокусот на денешниот состанок беа инфраструктурните инвестиции, изградбата на спортски игралишта и сали, како и претстојниот јавен повик за набавка на електрични велосипеди. За оваа намена, општината во рамки на програмата за животна средина издвои буџет од 4,8 милиони денари. „Во рамки на програмата за животна средина обезбедивме 4,8 милиони денари за набавка на електрични велосипеди. На овој начин ја потврдуваме тенденцијата Битола да стане вистински вело-град за што изградивме велосипедски…
Лошото време во Романија предизвика десетици поплавени куќи, дворови и подруми, паднати дрвја и електрични столбови, како и оштетени возила во вкупно 61 населено место во 20 окрузи. Романската новинска агенција Аџерпрес, повикувајќи се на утринските актуелни податоци, јави дека нема пријави за заглавени лица. Според Департманот за вонредни состојби на Романија, регистрирани се поплави во 23 куќи, 47 дворови, 44 подруми, две јавни институции и две улици, објави 4news.mk. Екипите на терен интервенирале за расчистување на 64 паднати дрвја, а во засегнатите окрузи има и пет паднати електрични столбови и пет оштетени превозни средства. Насобраната вода на трасите привремено…
Четириесет и четиригодишниот Кајо Роча Агујар Арабал трагично почина откако паднал од висина од околу 150 метри при искачување на карпа на планинската патека Педра до Макако во Бразил. Неговите последни моменти пред фаталниот пад биле снимени на камера од друг член на групата со која се искачувал. Арабал се искачувал на нестабилна карпа на врвот на патеката во Марика, во близина на Рио де Жанеиро, а медиумот LADBible објави дека ова живописно место е познато по чести несреќи на туристите. На видео-снимката се гледа како тој се спушта по голема карпа и се обидува да најде упориште, по што…
ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања до опозициските партии СДС и Левица дека дејствуваат синхронизирано со цел да го кочат и блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. На прес-конференција беше посочено дека опозицијата поднела десетици илјади амандмани за решение кое претходно со месеци се усогласувало меѓу партите. Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, изјави дека блокадите доаѓаат како резултат на ниската доверба на опозицијата и стравот од нов изборен пораз. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС се противи на електронското гласање за иселениците бидејќи токму тие граѓани ја напуштиле земјата поради лошото менаџирање во минатото, додека за Левица велат дека јавно глуми отпор, иако…
Покраинскиот секретаријат за земјоделство, водостопанство и шумарство објави конкурс за распределба на средства за подобрување на ловниот туризам во Автономната покраина Војводина во 2026 година, за што се издвоени вкупно 80 милиони динари. Конкурсот е отворен до 16 јули, а средствата се доделуваат во форма на грантови со цел да се унапреди ловната и туристичката понуда на корисниците на ловиштата. Според официјалните услови на конкурсот, минималниот износ на грантови по поединечна апликација изнесува 150.000 динари, додека максималниот износ не може да надмине три милиони динари. Грантовите се наменети за инвестициски вложувања, тековно одржување на објектите, како и за набавка на…
Полицијата во германскиот град Ремшајд застрела 42-годишен маж во средата вечерта околу 21 часот, откако тој претходно ги нападнал полициските службеници на улицата Паулштрасе. Како што соопштија Јавното обвинителство на Вупертал и Полициската управа во Хаген, сведоци претходно пријавиле дека мажот им се заканувал на две девојки со бибер спреј, пренесува WDR. Според истражните органи, кога полицајците му се приближиле, мажот одеднаш испрскал бибер спреј во нивен правец и се дал во бегство. Службениците прво употребиле пиштол за зашеметување за да го спречат, но не успеале да го погодат. По ова, 42-годишникот почнал да фрла алатки кон полицајците, по што…
