Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германската полиција застрела маж

    Германската полиција застрела маж

    03.07.2026 во 10:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата во германскиот град Ремшајд застрела 42-годишен маж во средата вечерта околу 21 часот, откако тој претходно ги нападнал полициските службеници на улицата Паулштрасе.

    Како што соопштија Јавното обвинителство на Вупертал и Полициската управа во Хаген, сведоци претходно пријавиле дека мажот им се заканувал на две девојки со бибер спреј, пренесува WDR.

    Според истражните органи, кога полицајците му се приближиле, мажот одеднаш испрскал бибер спреј во нивен правец и се дал во бегство.

    Службениците прво употребиле пиштол за зашеметување за да го спречат, но не успеале да го погодат.

    По ова, 42-годишникот почнал да фрла алатки кон полицајците, по што еден од нив испукал куршум од службениот пиштол и го застрелал. И покрај веднаш започнатата реанимација, тој починал на местото на настанот.

    За да се обезбеди целосна непристрасност, случајот и употребата на огненото оружје не ги истражува полицијата во Ремшајд, туку истрагата ја презеде крими-полицијата од Хаген.

    Овој случај ја отвори и статистиката на Министерството за внатрешни во Северна Рајна-Вестфалија, која покажува дека во периодот меѓу 2020 и 2024/25 година полицијата испукала вкупно 90 истрели кон луѓе, при што 19 лица биле убиени, а 58 повредени.

    Покраината Северна Рајна-Вестфалија бележи надпросечен број на вакви престрелки, каде се случуваат околу една третина од сите смртни случаи од полициски куршуми во Германија, иако таму живеат само 22 отсто од населението.

    По рекордните седум смртни случаи во 2024 година, статистиката за 2025 година покажува намалување на два смртни случаи, додека најмалку 18 лица биле повредени во судири со полицијата.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.