Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

    Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

    03.07.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, ги продолжија традиционалните месечни средби со новинарите на кои информираа за тековните проекти што ги реализира локалната самоуправа.

    Во фокусот на денешниот состанок беа инфраструктурните инвестиции, изградбата на спортски игралишта и сали, како и претстојниот јавен повик за набавка на електрични велосипеди.

    За оваа намена, општината во рамки на програмата за животна средина издвои буџет од 4,8 милиони денари.

    „Во рамки на програмата за животна средина обезбедивме 4,8 милиони денари за набавка на електрични велосипеди. На овој начин ја потврдуваме тенденцијата Битола да стане вистински вело-град за што изградивме велосипедски патеки. Новите електрични велосипеди ќе се користат врз принципот на изнајмување, преку апликација со симболични цени на изградени велосипедски патеки. На неколку пунктови граѓаните ќе имаат возможност да изнајмуваат велосипеди од сите страни на градот, помалку да користат возила, а повеќе велосипеди и, и тие да придонесуваат за заштитата на животната средина, истакна градоначалникот Коњановски.“

    Коњановски додаде дека во соработка со Владата се изведува и голем проект за обнова на сите спортски терени во училишните дворови.

    „На десет локации се градат 26 спортски игралишта со комплетна опрема, тартан подлога и заштита, оградување и осветлување. Спортските терени кои биле градени во минатиот век, сега ќе бидат целосно со нова спортска опрема и тоа ќе овозможи враќање на спортот како активност, но и одвојување на децата од мобилните телефони, во замена на спортски дух и физичка активност. Овој проект во најголем дел е завршен, а дел од проектите се реализираат затоа што имаме обезбедени средства. Важно е да се истакне дека кај дел од училиштата ќе има и спортски сали кои ќе се наоѓаат во урбаниот и руралниот дел на општината, посочи Коњановски.“

    Локалната самоуправа најави дека наскоро ќе ја пушти во употреба и новата детска градинка кај ОУ „Св. Климент Охридски“.

    Објектот е комплетно опремен, обезбеден е потребниот персонал и во моментов се чека уште формалната согласност од надлежните органи за прием на децата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.