- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 45-годишна жена од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело’’. На 30.10.2025 во СВР Тетово таа лажно пријавила дека на 26.10.2025 во Тетово едно лице понудило пари во замена за сексуални услуги на нејзината малолетна ќерка.
Премиерот Христијан Мицкоски по денешната седница на Економско-социјалниот совет порача дека Владата се однесува одговорно и не сака да создава лажни очекувања за периодот по завршувањето на сегашниот мандат во 2028 година. Тој потврди дека зголемената минимална плата ќе започне да се исплатува веќе со мартовската плата. „Се однесуваме одговорно во рамките на мандатот кој го добивме. Не преземаме обврски за периодот после 2028 година, како што бил случајот во минатото. Сакаме да сме одговорна влада која ќе ги реши напластените и наследени проблеми од нестручното менаџирање“, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека во изминатиот период се регулирани односите со над…
Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, соопштија од Министерството за надворшени работи. Од таму додаваат дека се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. „Согласно податоците добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 граѓани побарале информации за можноста за евакуација, а околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата при прва можност“, велат од Министерството. Од Министерството велат дека со сите пријавени лица…
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска соопшти дека минималната плата во Македонија се зголемува за 1.667 денари во нето износ. Со ова усогласување, најниската плата што работниците ќе ја добиваат на своите сметки изнесува 26.046 денари. Според официјалните податоци, бруто износот на минималната плата за 2026 година ќе изнесува 38.507 денари, што е пораст од 2.470 денари во споредба со минатата година. Министерот појасни дека ова зголемување се должи на законската формула која ги следи трошоците за живот и порастот на просечната плата. „Усогласувањето се врши секоја година во март врз основа на јасно утврдена формула: 50% од порастот на…
Вчера во 21:20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Н.(40) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко. Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор.По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било…
Несекојдневна глетка ги изненади минувачите во центарот на Скопје, кога претседателката Гордана Сиљановска Давкова излезе од автомобилот и се упати до најблискиот банкомат за да подигне пари. Додека таа ја вршеше трансакцијата, нејзиното бројно обезбедување беше позиционирано во близина, будно следејќи ја ситуацијата и чекајќи претседателката да заврши.
Од овој месец работниците во земјава ќе добијат повисоки примања. Согласно законското усогласување со трошоците за живот и порастот на просечната плата, новата минимална плата изнесува 26.046 денари во нето износ.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен…
Во текот на изминатата ноќ, полициските службеници од СВР Охрид и ОВР Струга исклучија од сообраќај двајца малолетници кои управувале патнички возила без возачка дозвола. На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. На 02.03.2026 во 01:15 часот, при…
