Author: Author 04

Концертот на пејачката Јелена Томашевиќ во Бар беше прекинат вечера откако уметницата ненадејно се струполи на сцената на Културниот центар. По овој повод, Општина Бар објави и ја откри состојбата на пејачката, откако ѝ беше укажана итна медицинска помош. Го објавуваме соопштението во целост: „Општина Бар ја информира јавноста дека пејачката Јелена Томашевиќ, чиј концерт претходно беше прекинат поради здравствени проблеми, се чувствува добро по добивањето медицинска помош. За време на настапот, на уметницата ѝ се слоши на сцената, по што медицинскиот тим брзо реагираше и ѝ ја пружи потребната помош. Според информациите од нејзиниот тим, здравствената состојба на Јелена…

Повеќе

Познатата поп-пејачка Јелена Томашевиќ вечера доживеа здравствен колапс за време на својот концерт во Бар, Црна Гора. Инцидентот се случил во салата на Културниот центар, која била исполнета до последното место. Иако атмосферата била одлична, публиката успеала да ја слушне само првата песна. Веќе на почетокот на втората нумера, пејачката одеднаш изгубила рамнотежа и клекнала на сцената, по што се струполила. Членовите на нејзиниот бенд веднаш реагирале, ѝ притрчале на помош и ја изнеле од сцената на раце. Организаторите набрзо ги известиле присутните дека концертот се откажува поради ненадејно влошување на здравствената состојба на уметницата.

Повеќе

Конфликтот на Блискиот Исток влегува во својата најкритична фаза. Според воените анализи, по серијата напади во саботата навечер, воздухопловните сили на САД и Израел воспоставија целосна воздушна супериорност над Иран. Ова им овозможува на сојузничките авиони да оперираат со минимален ризик, додека иранската противвоздушна одбрана е речиси целосно елиминирана. Најголемиот удар за Техеран е обезглавувањето на државниот врв. Потврдено е дека 48 високи лидери, вклучувајќи го и ајатолахот Али Хамнеи, се убиени во првичната кампања. Овој „команден вакуум“ доведе до тоа иранските воени единици да делуваат независно, без контакт со централната команда. Прашањето за наследник на Хамнеи останува отворено, што…

Повеќе

Навремена интервенција на Секторот за компјутерски криминал – малолетно лице пронајдено безбедно Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, беше детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажуваше на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник. Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време корисникот беше пронајден, извршен е разговор и констатирано е дека лицето е безбедно и во…

Повеќе

Млад работник од Струга почина синоќа по тешка несреќа на работното место во кантонот Гларус, Швајцарија. Според информациите од локалната полиција, инцидентот се случил околу 23:00 часот додека 25-годишното момче извршувало работни задачи. Несреќата се случила при чистење на машина која била во функција, при што работникот бил зафатен од запчаниците на механизмот. Тој се здобил со фатални повреди во предел на главата и рамената. Иако со хеликоптер бил итно пренесен во најблиската болница, лекарите не успеале да го спасат и тој им подлегнал на повредите. Обвинителството на кантонот Гларус веќе отвори истрага за да се утврдат прецизните околности под…

Повеќе

Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) соопшти дека испалил четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, објавија иранските државни медиуми. Ова не е независно потврдено. „Абрахам Линколн“ е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во американската морнарица. Опремен е со најновите ловци „Стелт“ Ф-35, кои можат да ги избегнат непријателските радари. Ударната група на носачот вклучува и три разорувачи вооружени со крстосувачки ракети „Томахавк“ за копнени напади и подморница на нуклеарен погон која обично ја придружува групата и користи исто оружје. Според сателитските снимки потврдени од „Би-би-си верифи“, бродот бил забележан во водите покрај брегот на…

Повеќе

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка. Проектот е инвестиција од 1, 2 милион евра и е дел од Коридорот 8. “Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го…

Повеќе

Клучните членови на алијансата за производство на нафта ОПЕК+ објавија поголемо од очекуваното зголемување на квотите за производство на нафта по нападите на САД и Израел врз Иран, кои предизвикаа иранска одмазда низ целиот Блиски Исток. Групата од осум членови, позната како В8, која ги вклучува клучните производители како Саудиска Арабија и Русија, како и неколку земји од Персискиот Залив кои претрпеа ракетни напади од Техеран, соопшти дека се согласиле на „прилагодување на производството“ од 206.000 барели дневно, објави Ал Џезира. „Ова прилагодување ќе се спроведе во април“, се вели во соопштението. Текстот на соопштението не го споменува експлицитно конфликтот…

Повеќе

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини, соопштија од Владата. Од Владата ги потсетуваат македонските државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во ДохаТел: +974 50 173 111Е-пошта: doha@mfa.gov.mk Амбасада на Република Северна Македонија во Абу ДабиТел:…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка, најавувајќи нов бран капитални инвестиции кои треба да го трансформираат овој дел од државата. Ваквите проекти се додадена вредност во животот на граѓаните, додадена вредност за македонската економија. Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од коридорот 8 во Македонија, рече Мицкоски.  „Кога зборувам неколку стотици пред сè мислам на третата фаза од пругата којашто треба…

Повеќе