- Кумановец пронајден во бессознание под дејство на дрога во сопствениот дуќан, заработи кривична
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар добива нов лик, поставена е нова урбана опрема
- Започна проектот за обнова на Римските терми во Банско вреден над 1,3 милиони евра
- Од следната недела младите ќе можат да аплицираат за грантови од 10.000 евра за сопствен бизнис
- Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Земјоделството изумира поради ниски откупни цени
- СДСМ: Нацрт-извештајот од Брисел ги потврди нашите предупредувања, Владата нè води кон пропаст
- Син тепал татко, ќерка-мајка: Осум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие, уапсени шест лица
- Невреме низ Македонија: Град и поројни дождови во Ресен и Делчево, облачноста се движи кон Преспа
Author: Author 04
Состојбата на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е стабилна, според лекарите кои се грижат за неговото здравје, пренесува РТС. Лекарите велат дека во моментов е неприфатливо да се даваат прогнози додека Дачиќ е на механичка вентилација. Прогнози за здравјето на Ивица Дачиќ може да се очекуваат само кога ќе биде отстранет од респираторот, велат лекарите. Состојбата може да се менува од час во час, сите параметри се следат и се применува современа терапија во согласност со нив и се спроведува дополнителна дијагностика. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше примен во Клиничкиот центар на Србија во среда поради здравствени…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) соопшти дека се зголемува бројот на македонски државјани кои се јавуваат во нашите претставништва, пријавувајќи дека се затекнати во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството уверуваат дека со сите нив се одржува постојан контакт и веќе се преземаат подготовки за нивна безбедна евакуација. „Формиран е кризен штаб кој е на 24-часовно располагање на граѓаните. Ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во регионот доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи“, велат од МНРНТ. За сите граѓани на кои им е потребна асистенција, на располагање се дежурните телефони во…
Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека од денеска започнува нов рок за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година. Аплицирањето ќе трае до 5 март 2026 година. Правото на овој државен додаток можат да го остварат сите редовни студенти на додипломски, постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети, под услов нивниот месечен приход да е помал од минималната нето плата во државата. „Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: e-uslugi.mon.gov.mk“, соопштуваат од МОН. Овој рок е отворен и за оние на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност, по извршените консултации околу актуелната состојба во регионот и светот. Главна тема на состанокот ќе бидат безбедносните рефлексии врз Македонија по последните воени ескалации. „Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток“, соопштија од Кабинетот на претседателката. Како највисоко советодавно тело, Советот има задача да ги разгледа сите ризици поврзани со одбраната на државата и да упати соодветни предлози до Собранието и Владата. Покрај претседателката, на масата ќе седнат клучните носители на…
Од денеска (1 март) граѓаните кои користат платежни картички за онлајн купување ќе се соочат со нови правила. Наместо досегашната потврда со СМС-код, стапува во сила законската обврска за засилена автентикација, која бара секоја трансакција да биде одобрена преку мобилната банкарска апликација. „Корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице“, појаснуваат од финансиските институции. Оваа промена е клучна за спречување на злоупотреби. Дури и ако некој ги поседува податоците од вашата картичка, плаќањето нема да може да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во Крива Паланка по повод завршувањето на реконструкцијата на градската обиколница. Овој проект е дел од пошироката модернизација на патната мрежа долж Коридорот 8. Како што соопштуваат од владината прес-служба, „станува збор за многу значаен проект на Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка“. Новата инфраструктура претставува директна патна врска со граничниот премин Деве Баир, кој според Владата е „главна врска со Република Бугарија“. Со ова се очекува значително да се забрза протокот на возила и да се подобрат трговските врски со соседството.
Македонија денеска ја очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. „Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени“, информираат од УХМР. Во Скопје се очекува слично време – сончево со слаб југоисточен ветер и утринска магла во делови од котлината. Температурата во главниот град ќе се движи од 0 до 15…
Меѓународниот аеродром во Кувајт беше оштетен денес во напад со дрон! Абдула Ал-Раџи, портпарол на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, изјави дека неколку вработени се полесно повредени и дека патничкиот терминал (Т1) е оштетен. Тој исто така рече дека надлежните органи веднаш започнале со спроведување на одобрени процедури за итни случаи. Властите потврдија дека ситуацијата е под целосна контрола и дека безбедноста на патниците и работниците е врвен приоритет – се вели во соопштението. İran'ın vurduğu Kuveyt Havaalanı'ndan bir başka görüntü: pic.twitter.com/jgqHVVtdTv— BPT (@bpthaber) February 28, 2026 ⚡️ Iran struck Kuwait International AirportIts operations have been suspended. Reports indicate there…
Утре во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана обиколница Крива Паланка. Ова е многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија.
Застрашувачки снимки доаѓаат од Дубаи, една од најпопуларните туристички дестинации во светот, во екот на војната на Блискиот Исток, која започна порано денес кога Израел и САД извршија напади врз Иран, по што следеше одмазда од владата во Техеран. Снимки од ирански дрон „Шахид 136“ кој го погоди хотелот „Палм“ во центарот на Дубаи се појавија на социјалните мрежи. Веднаш по ударот на дронот, избувна пожар, додека експлозии одекнуваа низ целиот град. Според најновите информации, најмалку еден хотел бил директно погоден, по што избувнал голем пожар. Островот Палм Џумеира се наоѓа во средината на градот и е дом на голем…
