Close Menu
Press24
    Најново

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39

    Анкета: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот

    11.10.2026 во 12:00

    Едниот ги тепал сопругата, синот и снаата, другиот сопругата: Семејно насилство во Струмица

    11.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните, аманет да ја чуваме државата
    • „Летал“ повеќе од двојно над дозволеното: На Табановце приведен државјанин на Босна и Херцеговина
    • Тешка несреќа во Турција: 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и возило за помош на патот
    • Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на преговарање, сакаме европска иднина, но со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма
    • Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај
    • Едниот ги тепал сопругата, синот и снаата, другиот сопругата: Семејно насилство во Струмица
    • 12 приведени за поседување дрога во Скопје, меѓу нив и еден странец
    • Со службено возило удрил во жена во Ургентниот центар Гостивар: Поради тежината на повредите итно пренесена во СКопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) „Замина на вечна стража“: Млада девојка – пожарникар загина во страшна несреќа, немала положено

    (ФОТО) „Замина на вечна стража“: Млада девојка – пожарникар загина во страшна несреќа, немала положено

    20.07.2026 во 10:06Updated:20.07.2026 во 10:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи изминатиот викенд на автопатот во близина на Загреб, во која загина 18-годишна девојка.

    Станува збор за млада припадничка на Доброволната противпожарна служба од местото Крашиќ.

    Несреќата се случила на патот меѓу местата Јастребарско и Доњи Зденчин по серија грешки во возењето.

    Управувајќи со патнички автомобил „БМВ“, девојката не одржувала безбедно растојание од возилото кое се наоѓало пред неа.

    За да спречи директен судир во задниот дел на предното возило, таа маневрирала и удрила во автомобил со унгарски таблички.

    Од ударот, „БМВ“-то со голема брзина излетало од патот, пробивајќи ја заштитната ограда по што завршило во дрвјата.

    Медицинските екипи кои пристигнале на местото на настанот можеле само да констатираат смрт кај младата девојка.

    Полициската истрага дополнително откри дека зад воланот на автомобилот таа седнала без да има положено возачки испит.

    Нејзините колеги пожарникари, скршени од болка, се простија од неа со зборови кои расплакаа многумина:

    „Со неизмерна тага и болка се збогуваме од нашата млада колешка. Иако нејзиниот животен и противпожарен пат беше прерано прекинат, нејзината благородност, несебичност и подготвеност да им помогне на другите засекогаш ќе останат инспирација за сите нас. Почивај во мир, драга наша. Пожарникарите не умираат, тие само заминуваат на вечна стража“.

    Прочитај повеќе

    Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот

    09.10.2026 во 19:22

    Трагедија на музичката сцена: Почина легендарниот рок-музичар Горан Баре

    09.10.2026 во 16:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.