Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Жално е Владата да се фали со 50 милиони евра, Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, тоа е успех

    Филипче: Жално е Владата да се фали со 50 милиони евра, Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, тоа е успех

    03.07.2026 во 16:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, порача дека Владата нема никакво право да зборува за реформски успеси, кога државата е целосно закочена на европскиот пат, а граѓаните ги трпат последиците од антиевропските политики на ВМРО. Филипче посочи дека е жално што  Владата се фали со 50 милиони евра, а Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, додавајќи дека вистински успех е отворањето на преговарачките поглавја и милијардите евра европска поддршка што ја добиваат земјите кои навистина напредуваат кон ЕУ.

    „Жално е што имаме власт која што е практично целосно антиевропска. Не може да се фалат со добиени 50 милиони евра од реформската агенда кога не е отворено ниту едно поглавје. Вистинските пари кои што доаѓаат од Европска Унија еве видовме ги најавија за Црна Гора 3,2 милијарди евра. Е тоа е вистински успех“, рече Филипче.

    Во однос на обвинувањата на власта дека СДСМ со блокирањето на Изборниот законик намерно ја кочи европската Реформска агенда, Филипче порача дека станува збор за уште еден изговор со кој Мицкоски се обидува да го прикрие сопствениот неуспех на европскиот пат.

    „Тоа е само еден дел од изговорите. Ние нашите позиции во однос на Изборниот законик јасно ги кажавме и ги образложивме, од што стравуваме, зошто сметаме дека тоа не е добро да биде така формулирано во законот. Зошто да има различно гласање за дијаспората и за луѓето кои што живеат во дијаспора, од луѓето коишто тука живеат? Зошто ние тука гласачите да оставаме фингерпринти и така натаму, а некој да гласа електронски или да гласа со писмо“, рече Филипче.

    Притоа, тој додаде дека сите граѓани треба да имаат еднакви правила при гласањето и дека Владата на ВМРО со предложените решенија за електронско гласање на дијаспората отвора простор за изборен грабеж, а воедно ги изложува граѓаните во дијаспората на непотребен ризик.

    „Зошто да не е еднакво безбеден процесот на гласање за тие што се во земјата и за тие што не се во земјата? Ние за тоа се бориме. Зошто премиерот Мицкоски им става таков терет на нашите граѓани коишто живеат во дијаспора некој утре да им каже дека биле дел од изборна измама. Зошто ги изложува на таков ризик тие луѓе? Нека дојдат, нека гласаат тука еднакво како што сите ние гласаме. Тоа е во делот на гласањето на дијаспората и сметам дека имаме рационални аргументи. Аргументите не се само нешто што ние сакаме да кажеме колку да помине или не помине законот, сметам дека се издржани“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.