Close Menu
Press24
    Најново

    Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    04.11.2026 во 14:56

    Нови детали за трагедијата кај Богданци: Момчето чие тело беше пронајдено до запалениот автомобил претходно било пријавувано за загрозување на сигурноста

    04.11.2026 во 14:45

    Сиљановска-Давкова во седиштето на НАТО: Безбедноста на Западен Балкан е неразделна од евроатлантската стабилност

    04.11.2026 во 14:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
    • Нови детали за трагедијата кај Богданци: Момчето чие тело беше пронајдено до запалениот автомобил претходно било пријавувано за загрозување на сигурноста
    • Сиљановска-Давкова во седиштето на НАТО: Безбедноста на Западен Балкан е неразделна од евроатлантската стабилност
    • ОЈО за Богданци: Првичните инцидиции упатуваат на убиство и самоубиство, извршен е увид, прибрани се снимки
    • Мицкоски во Дизелдорф: Се соочуваме со вештачко барање од земја-членка на ЕУ – во Брисел е потребна робусна акција
    • 30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград
    • Претепани сопруги и родители – Серија случаи на семејно насилство во Берово, Кочани, Струга и Кичево
    • Охриѓанец ги собра парите на покер турнирот во Малта – дома ќе однесе цело богатство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    04.11.2026 во 14:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за време на претставувањето на пакетот за проширување пред Комитетот за надворешни работи (AFET), ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на отворените прашања меѓу Скопје и Софија.

    Вајц посочи дека пример за решавање на билатералните спорови треба да биде моделот меѓу Хрватска и Црна Гора.

    Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат со билатералните прашања. Сакам да им се заблагодарам на премиерот Пленковиќ и на премиерот Спајиќ што разговараат меѓусебно, што седнаа на иста маса и што наоѓаат решенија за билатералните прашања. Бидејќи билатералните прашања во никој случај не смее да го попречуваат напредокот во процесот на пристапување, а токму вака треба да се постапува – нагласи Вајц.

    Тој оцени дека овој пристап може да се примени и во случајот со Северна Македонија, иако истакна дека уставните измени остануваат дел од обврските на европскиот пат.

    Сметам, потенцира Вајц, „дека ова е и одличен пример за тоа како може да се пристапи кон билатералните прашања што бараат дијалог и во други земји, како што е Северна Македонија“. Некои од билатералните прашања сега се на европско ниво, станува збор за вклучување на малцинствата, и во тој поглед треба да се реализираат уставните измени. Но, повторувам, единствениот начин да се излезе од тој ќор-сокак е страните да разговараат меѓусебно, односно владите на Бугарија и на Северна Македонија да седнат и да разговараат. И бидејќи знаеме дека мотивацијата не е секогаш на највисоко ниво, Ве Молам, комесарке, да вложите напори во оваа дипломатска насока – ѝ порача Вајц на Кос.

    Претходно, еврокомесарката Марта Кос го презентираше пакетот за проширување за 2026 година за десетте земји кандидати, порачувајќи дека Униската ги охрабрува сите земји брзо да напредуваат. Во врска со македонскиот евроинтегративен процес, Кос потенцираше дека фокусот останува на реформите и уставните обврски.

    Европската комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата на својот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите. Земјата треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022. Сега зависи од Северна Македонија – рече Кос.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка

    04.11.2026 во 13:40

    Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ

    04.11.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.