Close Menu
Press24
    Најново

    Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи над 5.200 жртви

    20.07.2026 во 09:55

    СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата

    20.07.2026 во 09:37

    Драма во Јордан: Евакуирани аеродромот и пристаништето во Акаба поради веродостојна закана

    20.07.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи над 5.200 жртви
    • СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата
    • Драма во Јордан: Евакуирани аеродромот и пристаништето во Акаба поради веродостојна закана
    • МВР ја потврди трагедијата кај Блаце: Маж и две жени пронајдени мртви во „мерцедес“
    • Подгответе се за гужви: Три дена посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Страшна несреќа во океанот: Потона ферибот со 116 патници, спасени се само осум лица
    • ВМРО-ДПМНЕ: Решени наследени долгови и започнати реформи во културата и туризмот
    • Денес се слави Света Недела, светицата која ги преживеа огнот и ѕверовите во име на верата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи над 5.200 жртви

    Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи над 5.200 жртви

    20.07.2026 во 09:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на загинатите во двата силни земјотреси со интензитет од 7,2 и 7,5 степени што пред речиси еден месец ја потресоа северна Венецуела достигна 5.208 лица.

    Новиот црн биланс следи откако тамошните власти во официјалната статистика додадоа уште 89 новооткриени жртви.

    Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес, соопшти дека бројот на повредени граѓани останува 16.740, додека без покрив над главата останале 17.907 лица.

    Според најновите податоци, дури 23.820 жители во моментов се сместени во 107 привремени кампови низ земјата.

    Надлежните служби досега успеале да обезбедат итна помош за 128.324 семејства кои се директно погодени од природната катастрофа.

    По разорните земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни, сеизмолозите регистрирале вкупно 1.388 последователни потреси.

    Последниот од нив, со магнитуда од три степени, бил забележан вчераутро на околу 9 километри западно од Ла Гуаира, на длабочина од 3,9 километри.

    Властите и понатаму продолжуваат со спасувачките и хуманитарните операции на терен, каде се евидентирани огромни штети на објектите и инфраструктурата.

    Прочитај повеќе

    Драма во Јордан: Евакуирани аеродромот и пристаништето во Акаба поради веродостојна закана

    20.07.2026 во 09:36

    Страшна несреќа во океанот: Потона ферибот со 116 патници, спасени се само осум лица

    20.07.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.