- Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
- Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
- ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
- Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина
- 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило
- Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
- Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
- Го признал делото во полиција: Лице од Радовиш се заканувало на странски јазик во амбасада во земјава
Author: Author 04
Вчера во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Вчера околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје спроведуваат засилено расчистување на канализациските линии, шахтите и сливниците пред најавениот силен локален бран. Целта на овие превентивни активности е овозможување непречено одведување на дождовницата и спречување поплавувања на критичните точки низ главниот град. Поради предупредувањата од УХМР за попладневни врнежи и невреме, одржан е и состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Сите човечки и технички ресурси се поставени во состојба на целосна мобилизација и подготвеност за брза интервенција на терен. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи упати апел за одговорно однесување од страна на сите жители: „Апелираме до граѓаните да…
Царинската управа од почетокот на годината откри 12 случаи на илегален шверц со медикаменти, соопшти денеска директорот на институцијата, Бобан Николовски. Според изнесените податоци, во овие акција се заплетени повеќе од 27.000 парчиња лекови и различна медицинска опрема. Првиот човек на Царината преку социјалните мрежи посочи дека со овие заплени директно се заштитува здравјето на граѓаните. Николовски во својата изјава ја нагласи заштитната функција на оваа институција: „- Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој.“
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за попладневните и вечерните часови, кога се очекува локална нестабилност на повеќе места низ земјава. Според синоптичарите, атмосферските процеси ќе бидат проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа постојат услови и за појава на изолирано невреме проследено со град.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше соопштение за вкупно шест пожари на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот попладнево. Според официјалните податоци, во моментов активен е еден пожар, четири се ставени под контрола, додека еден е целосно изгаснат. Единствениот активен пожар е забележан на подрачјето на Општина Делчево, во близина на градските гробишта, каде што е зафатена ниска вегетација. Под контрола на противпожарните екипи се четири пожари на следниве локации: Од ЦУК информираат дека целосно е ликвидиран пожарот во Општина Кочани, кој изби на улицата „Иван Иванов Балашо“ и зафати ниска вегетација. Противпожарните тимови и надлежните…
Првата официјална посета на претседател на Република Индија на земјава е почеток на ново и поамбициозно поглавје во билатералните односи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со нејзината индиска колешка Друпади Мурму. На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека политичкиот дијалог меѓу Скопје и Њу Делхи добива нов интензитет, а фокусот во следниот период треба да биде ставен врз економската соработка. Таа посочи дека целта е трговската размена од сегашните 133 милиони долари да се зголеми на 500 милиони американски долари во наредните пет години. Претседателката ја нагласи важноста на првата претседателска посета и односите меѓу двете држави: „Почитувана госпоѓо…
Владата воведе ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, соопшти денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова. На денешната прес-конференција таа истакна дека новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство. Според Арсова, во тек е и ревизија на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош. Пратеничката ги изнесе деталите за затечените состојби и планираните законски измени: „Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во…
При денешната посета на Гостивар, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати серија прашања на кои Владата и Министерството за здравство треба да одговорат во врска со епидемјата во Гостивар, и за кои граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Едно од прашањата се однесува на начинот на кој се менаџира епидемијата, за што Филипче посочи дека институциите потфрлија во навременото откривање и спречување на кризата. „Што се случувало во изминатиот период и чија е одговорността за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно какво може да се спречи и дали се заканува уште поголема катастрофа…
Опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ се обединија против спроведувањето на реформите во државата, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На денешната прес-конференција тој истакна дека Владата досега самостојно исполнила девет од вкупно десет предвидени реформски закони. Според Манасиевски, опозициските партии сносaт директна одговорност за неисполнувањето на десеттиот закон од пакетот. Портпаролот на владеачката партија ги изнесе сите детали за политичката блокада на реформскиот процес: „СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото…
