Author: Author 04

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на општина Велес, истакна дека покрај надворешните предизвици, македонската економија успешно се консолидира. Премиерот предупреди дека воените дејства во Персискиот Залив предизвикуваат повторен раст на цените на нафтата на светските берзи, поради што Владата веднаш презема заштитни мерки. „Денеска, на владина седница, на вонредна владина седница, ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на оваа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел-горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам…

Повеќе

Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава. Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција. Министерството за внатрешни работи продолжува со силни, координирани и континуирани активности во борбата против недозволената трговија со дрога, со цел откривање на сторителите, разбивање на криминалните мрежи и…

Повеќе

Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со попреченост. „Потпишавме договор со Здружението „Ајнштајн“ за соработка со јасно дефинирани обврски за реализација на услугата. Со оваа иницијатива правиме важен чекор кон достапна и инклузивна поддршка за децата со попреченост и нивните семејства. Нашата цел е…

Повеќе

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. УХМР најави дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави:„Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ингеренција е завршено и предадено до Обвинителството. Сега на потег е обвинителството односно обвинителот кој што треба да излезе со квалификација. Истовремено како Влада во текот на вчерашниот ден…

Повеќе

Поради реализација на планирани технички интервенции во системот, утре (вторник, 21 јули) неколку реони во Скопје ќе останат без снабдување, соопштуваат надлежните служби. Најголем дел од прекините ќе бидат концентрирани во централното градско подрачје, како и во периферните делови. Во општина Центар, во период од 09:00 до 12:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од следниве локации: Останатите прекини се планирани за населените места во околината на Скопје, каде градежните или техничките активности ќе траат нешто подолго. Во селото Бардовци, прекин ќе има за дел од потрошувачите на улицата „1687“, во временски интервал од 09:00 до 13:00 часот. Истиот ден,…

Повеќе

Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе со најновите пресметки за синдикалната минимална кошница за месец јули. Според официјалните податоци, таа изнесува 68.498 денари и бележи минимално намалување во споредба со претходниот период. Падот изнесува точно 156 денари доколку вредноста се спореди со истиот месец од минатата година. Синдикатот изработи и посебна анализа за семејствата кои немаат сопствен дом и живеат под кирија. Доколку едно семејство користи изнајмен стан со површина од 60 метри квадратни, вредноста на синдикалната минимална кошница драстично се зголемува и достигнува 83.873 денари. Статистиката потврдува дека граѓаните во земјава и понатаму трошат најмногу пари за задоволување…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес најави реализација на неколку значајни капитални проекти за градот во претстојниот период. Како приоритет беше посочено обезбедувањето средства за довршување на клучниот цевковод во рамките на водоснабдителниот систем. Премиерот детално ја објасни процедурата за финансирање на овој инфраструктурен зафат кој со години беше во застој. „Добар ден и од мене. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска преку прес-конференција упати сериозни критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој нема легитимитет да коментира теми поврзани со здравствениот систем. Петрушевски истакна дека синоним за дејствувањето на Филипче во минатото е целосен хаос во здравствениот сектор. Според пратеникот, јавноста сè уште се сеќава на трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што 14 граѓани живи изгореа. Од владејачката партија посочуваат дека на овие лица прерано им завршил животот поради немање на минимум технички спецификации за објектот. Во партиското обвинување се споменува и периодот на ковид кризата, кога Македонија се…

Повеќе

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски упати остри критики до опозициските партии за блокада на реформските процеси во земјата. Манасиевски истакна дека неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди политиката на опозицијата водена од принципот „колку полошо за Македонија, толку подобро за нив“. Според него, во моментите кога државата има реална можност да исполни клучна реформска обврска, СДС, Левица и ДУИ свесно избираат блокада. Од партијата соопштуваат дека од предвидените 10 реформи, самите реализирале 9, а до последната не се стигнало токму поради опозициското кочење. Манасиевски обвини дека кога за клучните прашања е потребен широк…

Повеќе