Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Велес: Со ребалансот се поврзуваат хидросистемот Лисиче и езерото Младост, летово почнува изградбата на подземната катна гаража

    Мицкоски од Велес: Со ребалансот се поврзуваат хидросистемот Лисиче и езерото Младост, летово почнува изградбата на подземната катна гаража

    20.07.2026 во 12:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес најави реализација на неколку значајни капитални проекти за градот во претстојниот период.

    Како приоритет беше посочено обезбедувањето средства за довршување на клучниот цевковод во рамките на водоснабдителниот систем.

    Премиерот детално ја објасни процедурата за финансирање на овој инфраструктурен зафат кој со години беше во застој.

    „Добар ден и од мене. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост. Се направија напори со пренамена од министерството за животна средина и мислам дека тие неколку километри цевковод коишто недостасуваат со ребалансот ќе бидат обезбедени и ќе може да се поврзат тие 2 системи така што и уште едно прашање ќе биде санирано, решено, но како што кажа и градоначалникот нешто што е со децении уништувано преку ноќ не можеме да го решиме, но како и да е приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и во таа насока ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме некои нови проблеми коишто во суштина би претставувале PROBLEM за граѓаните на Велес.“

    Мицкоски упати јавна благодарност до локалните претставници, општинската администрација и ресорните министри за нивниот ангажман.

    „Би сакал да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши, прилично мотивирана, прилично фокусирана навистина инспиративна е неговата работа. Би сакал да им се заблагодарам на советниците, на администрацијата во советот, на пратениците од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес од страна на централната Влата и така и ќе продолжиме понатаму во стратешките наши приоритети и во нашата оптика е Велес. Би сакал да му се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт како и на останатите колеги коишто со својата работа реализираат проекти и ги реализираат оние приоритети коишто сме се обврзале пред граѓаните дека ќе ги реализираме.“

    Покрај хидросистемот, премиерот ги информираше граѓаните и за почетокот на изградбата на ветената подземна гаража во центарот на Велес.

    „Уште еднашка благодарност и до велешани, најголема за трпението бидејќи сите овие проекти имаат потреба од време додека да се реализираат, но еве еден по еден полека ги реализираме и многу сум задоволен што конечно таканаречената подземна катна гаража во центарот на градот со новиот плоштад конечно ќе почнеме ова лето и се надевам дека во текот на следната година ќе можеме веќе да имаме функционална целина нешто што беше наш приоритет уште од времето кога бевме опозиција.“

    Владата уверува дека рамномерниот развој и исполнувањето на ветените проекти во Велес остануваат во нивниот главен стратешки фокус.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.