45-годишник доби кривична пријава поради физички напад врз неговата снаа.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против Ј.Н.(45) од село Боговиње, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено, на 15.08.2026 пријавениот во дворот во семејниот дом физички ја нападнал неговата снаа.

