Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

    05.11.2026 во 13:50

    ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди

    05.11.2026 во 13:49

    Каде е најтопло, а каде најстудено денеска: УХМР ги измери температурите во 13 часот

    05.11.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици
    • ВИДЕО: Уапсен Драган Петровски – Штука – го гонат за лихварство и изнуди
    • Каде е најтопло, а каде најстудено денеска: УХМР ги измери температурите во 13 часот
    • Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата
    • Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски
    • Поскапуваат кафаните
    • Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови и самохрани родители во Скопје
    • ФОТО: Пензионерски редици пред Алта Банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

    Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

    05.11.2026 во 13:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар денеска додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата.

    Десет ученици добија стипендии од по 4.500 денари месечно, а 27 ученици по 4.000 денари месечно. Финансиската поддршка годинава е зголемена, со цел младите да се поттикнат  во развивањето на нивниот талент и творештво.

    „Како што ветив во предизборната програма, оваа година ги зголемивме општинските стипендии за 50 проценти. Сакам младите да знаат дека ги препознаваме нивните квалитети, го цениме нивниот труд и вложуваме во нивниот развој“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

    Стипендираните ученици имаат освоено награди и признанија на градски, државни и меѓународни натпревари, што е потврда не само за нивниот талент туку и за  посветеноста на наставниот кадар.

    Во рамки на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општината, беа доделени и награди за најдобрите ликовни и литературни творби од конкурсот „50 години Центар – срцето на градот, духот на генерациите“.

    Наградени се шест ученици, по тројца во двете категории. За прво место се доделени по 5.000 денари, за второ по 3.000 денари, а за трето по 2.000 денари.

    Општина Центар продолжува да вложува во младите, да ги поддржува нивните таленти и да ги вреднува нивните достигнувања во културата.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови и самохрани родители во Скопје

    05.11.2026 во 13:14

    Герасимовски: Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира

    05.11.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.