Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски: Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира

    05.11.2026 во 12:45

    Меџити: Со Мицкоски се договоривме да работиме а не да одиме на избори

    05.11.2026 во 12:36

    Кочоска тврди дека не разговарала со Славески за влезот на Алта банка во Македонија

    05.11.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира
    • Меџити: Со Мицкоски се договоривме да работиме а не да одиме на избори
    • Кочоска тврди дека не разговарала со Славески за влезот на Алта банка во Македонија
    • Жерновски: Извештајот на ЕК е катастрофален, ги потврдува сите критики за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ
    • Итната медицинска помош неколку пати интервенирала пред главната филијала на Алта Банка во Битола
    • ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство
    • Температурите паѓаат под нулата, потоа следува пресврт: Какво време нè очекува до средината на неделата
    • Утре уште во 4:30 ќе снема струја – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира

    Герасимовски: Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира

    05.11.2026 во 12:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.

    Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава.

    Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, која со присутните разговараше за раното препознавање, соодветното реагирање и превенцијата од врсничко насилство, споделувајќи стручни совети и практични насоки.

    „Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира и за чие спречување сите имаме одговорност. Важно е родителите, наставниците и стручните служби навреме да препознаат кога детето се соочува со насилство и соодветно да реагираат. Молчењето и игнорирањето можат да остават сериозни и долготрајни последици врз детето и целото семејство“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

    Паралелно, и во центарските основни училишта се реализираа различни активности посветени на менталното здравје и спречувањето на врсничкото насилство. Учениците следеа едукативни предавања на темата „Врсничко насилство“ во соработка со СВР Скопје, се организираа работилници под мотото „СТОП за булингот“, а дел од учениците посетија и театарски претстави преку кои, на интересен и пристапен начин, им беа пренесени пораки за пријателство, прифаќање и градење здрави врснички односи.

    Општина Центар останува посветена на создавање безбедна училишна средина. Важно е секое дете да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш има кому да му се обрати за помош.

    Прочитај повеќе

    Утре уште во 4:30 ќе снема струја – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    05.11.2026 во 12:01

    Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје

    05.11.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.