Close Menu
Press24
    Најново

    Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски

    05.11.2026 во 13:30

    Поскапуваат кафаните

    05.11.2026 во 13:24

    Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови и самохрани родители во Скопје

    05.11.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски
    • Поскапуваат кафаните
    • Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови и самохрани родители во Скопје
    • ФОТО: Пензионерски редици пред Алта Банка
    • Му ветил работа во фирма, па му земал 110.700 денари – гостиварчанец пријавен за измама
    • Апсења во Скопје
    • Поскапеа кафеаните
    • Доаѓа зима: Услови за првиот снег во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски

    Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски

    05.11.2026 во 13:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре (6 ноември 2026 година) ќе биде домаќин на министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис.

    Како што соопштија од Министерството, во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, со посебен акцент на политичката, економската и развојната сфера, континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка, како и европската перспектива на земјава.

    За време на средбата, двајцата министри ќе разменат мислења за актуелните политички состојби, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и за глобалните и регионалните безбедносни и геополитички предизвици. По посебен агол ќе се разгледува улогата на ОБСЕ во зачувувањето на мирот, стабилноста и безбедноста, во контекст на швајцарското претседавање со Организацијата.

    Според предвидената агенда во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пречекот на министерот Касис ќе биде во 09:50 часот, по што од 10:00 до 10:20 часот ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата министри.

    Заедничката прес-конференција на Муцунски и Касис е закажана во терминот од 10:25 до 10:55 часот.

    Прочитај повеќе

    Меџити: Со Мицкоски се договоривме да работиме а не да одиме на избори

    05.11.2026 во 12:36

    Кочоска тврди дека не разговарала со Славески за влезот на Алта банка во Македонија

    05.11.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.