- На четиричлено семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот
- Малолетно девојче нападнато во Бардовци
- Судир на три возила кај Битола: Повредени четири лица, возач возел под забрана
- Паднаа 12 млади за поседување дрога
- Норвешка забрани користење АИ во основните училишта
- Уживајте во викендов: Од понеделник пресврт на времето
- Железница привремено ги укинува возовите поради „Градски воз“
- Ригорозни казни за големите маркети: Мицкоски најави 10 пати поголеми глоби за тие што прават профит на грбот на граѓаните
Author: Author 04
Поранешната в.д. директорка на Универзитетската клиника за онкологија, Виолета Клисаровска, денеска сведочеше за фрапантни недостатоци во работењето на оваа институција во периодот пред нејзиното именување. Таа пред судот откри дека затекнала хаотична состојба во која немало утрински состаноци, а препишувањето на скапата терапија било индивидуално, наместо преку стручен конзилиум. „Сметав дека тоа не смее да биде така. Уште во првите денови покренав постапка за формирање онколошки конзилиум за да има групна одлука за лековите од условниот буџет“, истакна Клисаровска. Таа додаде дека суштинскиот проблем и „голgotaта на Онкологија“ започнала кога Министерството за здравство почнало да планира двегодишни тендери без воопшто…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на денешната посета на Скопје упати силна порака за колективната безбедност, нагласувајќи дека Алијансата е подготвена да одговори на секоја закана со „пристап од 360 степени“. На заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Руте децидно изјави дека НАТО не е директно вклучен во конфликтот на Блискиот Исток, но будно ги следи опасностите што доаѓаат од иранскиот режим. „Иран е извозник на хаос со децении. Нивните проектили не се закана само за Блискиот Исток, туку и за нас во Европа“, истакна Руте. Тој додаде дека светот е во подобра ситуација по елиминацијата на…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска порача дека нема место за паника во домашната економија поради случувањата на Блискиот Исток. Таа нагласи дека состојбата се следи на дневна основа и дека власта е подготвена да реагира согласно законите доколку се појави потреба. „Рано е да се прогнозира колку ќе трае оваа ситуација. Нафтата денеска е под 75 долари за барел, а некои прогнози велат дека кризата ќе заврши брзо. Не би сакала однапред да зборувам за песимистички сценарија, законот е јасен и предвидува точно во кои услови може да се направат промени“, изјави министерката. Таа појасни дека Министерството за финансии…
Истрагата против 25-годишниот овчар Т.Б. од село Малотино се проширува со застрашувачка брзина. Денеска, по наредба на Јавното обвинителство, се врши ексхумација на уште една повозрасна жена за која постои сомнеж дека е втората жртва на младиот убиец. Додека екипите се на терен, осомничениот утрово беше спроведен од затворот „К’шање“ на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Таму ќе му биде извршено психијатриско вештачење кое треба да утврди дали бил пресметлив во моментите кога ги извршувал свирепите злосторства. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција потврди дека полицијата интензивно постапува по наредбите на обвинителот, но остана резервиран во…
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против И.Р., 30-годишно лице од Прилеп – припадник на Армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – На 12 февруари во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.С.(57) и К.Н.(36), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(51) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 околу 08:15 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик во училиштето, при што му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера лишени од слобода девет возачи поради возење без возачка дозвола, за возење на нерегистрирано возило, под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола, еден за возење нерегистрирано возило без возачка дозвола, еден за управување на возило под дејство на алкохол и еден за управување возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија. Двајца возачи во Неготино (од кои еден малолетник), и по еден во Тетово,…
Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност. Во 20:00 часот, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:33 часот, во ОВР Пробиштип била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало“. Возачот Р.З.(50) од село Неокази, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А. (59) од село Злетово. Од здобиените повреди, жената починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судската медицина за обдукција, а увид извршила екипа на ОВР Пробиштип.
