Author: Author 04

Поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, аеродромот во Дубаи и целиот регион доживуваат голема воздушна криза со масовни откажувања на летови, што создава голема неизвесност за патниците и авиокомпаниите. Стотици илјади патници се заглавени во Дубаи, а прекинот на летовите создава хаос на аеродромите и меѓу авиокомпаниите. На социјалните мрежи, во групи со совети за патување, многу луѓе пишуваат дека нивните летови до Дубаи се откажани, додека некои велат дека се „заглавени“ во градот. За време на иранските напади врз локации низ арапските држави од Персискиот Залив, меѓународниот аеродром во Дубаи беше оштетен. Четири лица беа повредени. Меѓународниот аеродром…

Повеќе

Жителите на саудиската престолнина Ријад оваа недела беа разбудени од гласни експлозии кои одекнуваа низ целиот источен дел од градот. Според првичните извештаи, ова е втор ден од координираните ирански одмазднички напади, кои дојдоа како директен одговор на неодамнешните напади на САД и Израел во регионот, и ова е прв пат Ријад да биде нападнат. Очевидци во Ријад опишуваат драматични сцени, серија од неколку последователни експлозии кои ги потресоа прозорците на станбените згради, по што густ црн чад се издигна над источните населби. Странските новинари од терен потврдија дека се слушнале детонации, додека на социјалните мрежи се појавија снимки што…

Повеќе

Најпрометните светски аеродроми во ОАЕ и Катар се соочуваат со целосен прекин на работата по серијата ракетни напади во регионот. Состојбата е особено алармантна во Дубаи и Абу Даби, каде што се пријавени оштетувања на клучни објекти, вклучувајќи го и аеродромот „Зајед“ каде има жртви и повредени. Во регионот живеат и работат помеѓу 10.000 и 30.000 српски државјани, главно во секторите инженерство, финансии и угостителство. Сите летови од Белград кон оваа дестинација се стопирани, а на патниците им се советува да не тргнуваат кон аеродромите без претходна потврда. Инструкциите за сите кои планираат патување преку Доха, Дубаи или Абу Даби…

Повеќе

Ноќеска во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Е.Ф.(23), С.С.(26), М.М.(25), К.Т.(26), Д.В.(22) и К.Н.(23), сите од Скопје и К.Ј.(21) од Крива Паланка поради тоа што околу 00:30 часот пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.   

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа. Известен е јавен обвинител, Центарот за социјална работа, како и родител на малолетникот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

На 28.02/01.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(24), Ф.М.(27) и И.Р.(35), сите од Скопје и М.М.(30) од Прилеп, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Вчера во 12:30 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај  „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки: „ауди А3“, управувано од Ф.А.(24) од кичевското село Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С.(31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р.(56) од селото Бачишта. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „ауди А3“ и сопатничката С.А.(51) од Зајас како и Г.С.. Увид на местото извршија полициски екипи.

Повеќе

Вчера во 14:50 чaсот во ОВР Струга е пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно  го отворил прозорецот, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари. ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, по што против сторителот ќе поднесе соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека се разгледуваат камерите и течноста ќе се носи на вештачење.

Повеќе

Ново видео од воздушниот напад е објавено на социјалните мрежи. Нападот наводно го извршил Иран. Станува збор за облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. А според непотврдени информации, на кои наводно инсистира Техеран, во зградата се наоѓало седиштето на американската ЦИА. Да потсетиме дека новиот привремен лидер на Иран, Али Лариџани, најави одмазда за смртта на ајатолахот Али Хамнеи, а во Иран, над џамијата Џамкаран во Ком беше подигнато црвено знаме. Тоа ја симболизира „крвта на неправедно убиените“ и повикува на одмазда. An Iranian strike reportedly hit a skyscraper in Dubai.Tehran insists that the building housed a CIA headquarters. pic.twitter.com/B1O0VsLhrP—…

Повеќе