Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Системот „Безбеден град“ се проширува во Охрид: Велјановски вели дека бројот на сообраќајни жртви е намален за 40%

    Системот „Безбеден град“ се проширува во Охрид: Велјановски вели дека бројот на сообраќајни жртви е намален за 40%

    30.06.2026 во 11:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проширувањето на системот „Безбеден град“ продолжува во уште неколку градови низ државата со цел да се намали бројот на тешки сообраќајни незгоди, информираше денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски. Според партиските податоци, досегашната примена на системот веќе покажува конкретни резултати на терен.

    Како што се наведува во партиското соопштение, крајната цел е преполовување на смртните случаи и сериозните повреди на патиштата до 2030 година.

    „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период лани, на 33 годинава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од владејачката партија појаснуваат дека по Скопје, Куманово, Тетово, Велес и коридорите 8 и 10, камери веќе се поставуваат и во други региони.

    „Минатата недела, камери беа поставени на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, а истовремено започна и постепено воведување на системот во Охрид. Безбедноста на граѓаните и понатаму останува приоритет, а ‘Безбеден град’ е само еден од конкретните чекори за постигнување на целта. Истиот ќе биде ставен во функција во секој еден град низ Македонија“, изјави пратеникот Велјановски.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.