Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници

    Алиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници

    30.06.2026 во 12:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината.

    За реализација на оваа инвестиција се вложени 5 милиони денари од буџетот, со што значително се подобрени просторните услови за работа и за престој на пациентите.

    Во рамки на активностите е извршено и уредување на дворот на објектот, при што се изградени и паркинг-места за потребите на пациентите. За оваа намена се инвестирани дополнителни еден милион денари.

    „Со оваа инвестиција обезбедуваме подобри услови за спроведување на имунизацијата, поефикасна организација на работниот процес и поквалитетна услуга за граѓаните, особено за децата и нивните семејства.  Токму инвестициите во примарната здравствена заштита се инвестиции во здравјето на идните генерации. Наш приоритет е да создаваме современи, функционални и достапни здравствени установи во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува квалитетна здравствена услуга поблиску до местото на живеење, изјави министерот Алиу.

    Министерството за здравство останува посветено на унапредување на инфраструктурните услови во здравствените установи низ државата, со цел обезбедување поквалитетна, подостапна и поефикасна здравствена заштита за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.