Протест под наслов „Стоп за фемицидот“ утре ќе се одржи во Градскиот парк во Богданци откако вчера во околината беше пронајдено машко тело до опожарен автомобил во кој имало тело на 17-годишно девојче, за кое истражните органи велат дека првичните индиции се дека станува збор за убиство и самоубиство.
Собирот се организира во чест на тинејџерката Билјана, а целта е да се побара одговорност, заштита на жените и итна реакција од институциите.
„Нејзиниот глас е замолчен, но нашиот мора да биде погласен од кога било“, се наведува во повикот објавен на социјалните мрежи,
Иницијаторите порачуваат дека фемицидот мора да се спречи пред да се случи и дека институциите треба навреме да реагираат за да се заштитат животите на жените.

