Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Со Марму решивме билатералните односи да ги кренеме на повисоко ниво

    Сиљановска-Давкова: Со Марму решивме билатералните односи да ги кренеме на повисоко ниво

    21.07.2026 во 13:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првата официјална посета на претседател на Република Индија на земјава е почеток на ново и поамбициозно поглавје во билатералните односи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со нејзината индиска колешка Друпади Мурму.

    На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека политичкиот дијалог меѓу Скопје и Њу Делхи добива нов интензитет, а фокусот во следниот период треба да биде ставен врз економската соработка.

    Таа посочи дека целта е трговската размена од сегашните 133 милиони долари да се зголеми на 500 милиони американски долари во наредните пет години.

    Претседателката ја нагласи важноста на првата претседателска посета и односите меѓу двете држави:

    „Почитувана госпоѓо претседателка, Чест и задоволство ми е да Ве поздравам на овој историски ден. Вашето присуство овде има исклучително значење, бидејќи е во прашање прва официјална посета на претседател на Република Индија на нашата држава. Уверена сум дека оваа посета ќе биде почеток на ново и многу поамбициозно поглавје во односите меѓу двете држави. Сакам да истакнам на почетокот дека Вие како претседателка покажавте дека највисоките функции се заслужуваат со карактер, а не со привилегии. Се работи за неверојатно инспиративен пример, не само во индиски рамки, туку и во светски рамки, којшто претставува охрабрување за безброј жени и млади луѓе ширум светот да се занимаваат со политика. Нашите денешни разговори беа исклучително срдечни, отворени и насочени кон иднината. Ги потврдивме добрите политички односи, се согласивме дека вистинскиот потенцијал се уште треба да се оствари.“

    Во однос на економските потенцијали и конкретните области за инвестиции, Сиљановска-Давкова ги изнесе очекувањата од бизнис-форумот:

    „Меѓу сите теми за кои разговаравме денес, една особено се издвои: дојде време нашето економско партнерство да го достигне квалитетот на нашите политички односи. Економската трансформација на Индија е веројатно една од највпечатливите успешни приказни на дваесет и првиот век. Во текот на само една генерација, Индија прерасна во водечка економска сила во светот, станувајќи еден од глобалните центри на иновациите, дигиталните технологии и претприемништвото. Во исто време, убедени сме дека и нашата држава има многу што да им понуди на индиските партнери. Од автомобилската индустрија и фармацевтиката, преку здравството, информатичките технологии, аутсорсингот на деловни процеси, обновливите извори на енергија, земјоделството, прехранбената индустрија, машинството, логистиката и напредното производство – мислам дека има импресивен спектар на можности што чекаат да се претворат во конкретни проекти. Минатата година трговската размена меѓу двете земји достигна приближно 133 милиони американски долари. Далеку е оваа бројка под вистинскиот потенцијал. Поради тоа, со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел – во следните пет години билатералната трговска размена да достигне барем 500 милиони американски долари.“

    Македонската претседателка се осврна и на глобалната геополитичка ситуација, улогата на ОН и приклучувањето кон меѓународните иницијативи предводени од Индија:

    „Прозборевме и за пошироката меѓународна состојба. Јасно е дека живееме во време обележано со длабоки геополитички промени. Меѓународниот поредок се соочува со еден од најсериозните периоди на неизвесност по завршувањето на Студената војна. Вооружените конфликти одземаат невини човечки животи. Долгогодишните сојузништва се менуваат. Меѓународното право сè почесто е ставено пред предизвикот на логиката на силата, ако воопшто има логика во силата, а довербата во мултилатералните институции е ослабена. Како земја-членка на НАТО, чијашто стратешка цел е членството во ЕУ, нашата геостратешка положба ни овозможува да водиме повеќедимензионална надворешна политика. Настојуваме да ги продлабочуваме постојните партнерства, но и да градиме нови со земји што ја споделуваат нашата определба за мир, развој и меѓународна соработка. Индија во овој видокруг зазема особено значајно место. Исто така, сметам, а и сметаме дека е потребна реформа на Обединетите нации, со далеку порепрезентативен Совет за безбедност но и со посилно влијание на Генералното собрание.“

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.