Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АПИС: Изгласан закон за игри на среќа на црно

    АПИС: Изгласан закон за игри на среќа на црно

    01.07.2026 во 11:22Updated:01.07.2026 во 12:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од АПИС одговорно тврдат дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото.

    „Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна правосудна постапка, а потоа целосно да ги забранат. Вака, со дистанцирање 500 метри од училишта се прави противуставна дискриминација, и тоа на урбанистичка околност која не е фиксна.

    Да резимираме:

    • Новиот Закон за игри на среќабеше предложен набрзина, не беше закачен на ЕНЕР и затоа стопанските комори, асоцијациите и здружението на вработените, кои се првата линија на спроведување на актуелниот закон, кој патем е еден од најстрогите во регионот и пошироко, им беше ускратено правото активно да дадат свој придонесво насока на создавање одржлива и спроведлива регулатива по европски и светски стандарди.
    • Истовремено, мнозинството пратенициодлучија дека 10 илјади вработени во секторот игри на среќа и нивните семејстваво наредните две години постепено ќе остануваатбез работа и ќе мора да иселуваат од Македонија.
    • Министерството за финансии како овластен предлагач на Законот за игри на среќа и забавни игрисвесно или несвесно изрази подготвеност да ризикува потенцијални астрономски отштети со бранењето на уставно спорната дистанца од 500 метри на објектите за игри на среќа од училиштата, која освен што е дискриминаторска, е неизводлива на терен и затоа ќе предизвика затворање на легалните објекти за игри на среќа.
    • Надлежните институции треба да и соопштат на јавноста дека свесно и со умисла се откажуваат одповеќе од350 милиони евра годишни приходи во централниот Буџет од легалните игри на среќа. Колку за илустрација, тоа е повеќе од 6 проценти од приходите планирани во предлог Буџетот за 2026 година.
    • Извршната и законодавната власт треба да и укажатна јавноста дека со изгласувањето на овие противуставни и дискриминаторски законски одредбишироко отвораат врата за игри на среќа на црно, кои ќе се одвиваат во подруми, без контрола на државата, каде младината навистина ќе биде загрозена. Граѓаните сеуште ја паметат аферата “Детонатор” од 2011 кога беа запленети 1500 покер апарати поставени на црно.

    Ние сме сигурни дека нашите предвидувања ќе се остварат. Не случајно во Албанија, тамошната Влада се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа. Нема држава во која се спровеле радикални чекори за затворање на легалните објекти за игри на среќа кои по автоматизам не предизвикале отворање на игри на црно.

    Кога веќе институциите немаат слух за забелешките на асоцијациите, здружението на вработени и апелот на сериозните странски инвеститори во секторот игри на среќа, тогаш наша должност е да ги заштитиме нашите вработени, правната сигурност и уставно загарантирани економски права“, стои во соопштението од АПИС.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.