Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Актуелното парламентарно мнозинство има капацитет да го донесе Изборниот законик

    01.07.2026 во 10:52

    Велковски ќе застане на чело на Министерството за социјална политика: Ќе работам чесно и одговорно

    01.07.2026 во 10:48

    Силен земјотрес во близина на Лесковац

    01.07.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Актуелното парламентарно мнозинство има капацитет да го донесе Изборниот законик
    • Велковски ќе застане на чело на Министерството за социјална политика: Ќе работам чесно и одговорно
    • Силен земјотрес во близина на Лесковац
    • Перински се сели во ФЗО: Подобри институции и подобар живот за граѓаните
    • Инцидент во Звездара: Три жени упаднале во куќа на маж и го избоделе
    • Во оваа држава може да платите голема казна доколку автомобилот ви работи со клима додека нема никој во него
    • Регионот се прости од Владо Јаневски – „Замина тивко без збогум”
    • Москва ги затвора граничните премини со три европски земји
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Актуелното парламентарно мнозинство има капацитет да го донесе Изборниот законик

    Манасиевски: Актуелното парламентарно мнозинство има капацитет да го донесе Изборниот законик

    01.07.2026 во 10:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Утринско Еспресо“ на Радио Лидер, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој на самиот почеток истакна дека изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ покажала дека работи чесно, одговорно и транспарентно и посочи дека во тој период биле реализирани бројни проекти и мерки во повеќе области, меѓу кои транспортот, образованието, дигитализацијата, економијата, како и зголемувањето на платите и пензиите.

    „Изминативе две години ВМРО-ДПМНЕ и како Влада и како партија покажа и докажа како треба да се работи, чесно, одговорно, транспарентно реализирајќи многу проекти и мерки за граѓаните од делот на транспорт, образование, дигитализација, економија, плати, пензии. Изминатите две години ја стабилизиравме државата, ги поставивме темелите, за разлика од порано сега гледаме еден поинаков пристап во реализација на програмата што е ветена пред граѓаните“, рече Манасиевски.

    Манасиевски се осврна на темата за Изборниот законик и блокадите од страна на опозицијата, според него станува збор за закон кој е дел од Реформската агенда, а неговото блокирање, како што оцени, може негативно да се одрази врз процесот на обезбедување средства од Планот за раст.

    „Видовме сите како заедно здружено со Левицa, Венко Филипче се договорија со десетици илјади амандмани да го блокираат Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда. Тоа што они не очекуваа дека нивниот рејтинг ќе оди надоле го вклучи алармот во двете политички партии, единствена штета со блокирање на овој Изборен законик прават на Македонија. Оние плус средства којшто можеме да ги обезбедиме од Планот за раст, нема да можеме затоа што СДС и Левица заради свои лични, партиски интереси го блокираат овој закон“, посочи Манасиевски и додаде:

    „Ние повторно ќе бидеме предводници, со најмногу финансиски средства повлечени од Планот за раст, повторно ќе бидеме лидери во Реформската агенда, а тие ќе продолжат да бидат оние коишто ќе пробуваат да и наштетат на Македонија на било каков начин , тоа се потврдува и денес со овој Изборен законик“.

    На крај Манасиевски порача дека актуелното парламентарно мнозинство има капацитет да го донесе Изборниот законик, но нагласи дека Владата не сака да ги заобиколува собраниските процедури. Според него, за разлика од претходната власт, законите денес се носат низ јавна расправа и парламентарна дебата, со можност за прифаќање на амандманите.

    „ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и може да го донесе законот, меѓутоа и тоа е една клучна разлика од владеењето на СДС и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и оваа владина коалиција, порано се носеа закони со европско знаменце затоа што во дадени периоди не можеа ниту мнозинство да обезбедат на седниците, па ни стигна извештајот од Европската комисија каде што велеа дека е злоупотребувано европското знаменце. Кога се носат предлог закони во Собранието, денеска тие одат на јавна расправа, се дебатираат во Собранието, се прифаќаат голем број на амандмани на опозицијата, голема разлика има и во овој дел, порано си носеа закони коишто им се на нив битни, ги носеа со европски знамиња скоро 90% затоа што немаа мнозинство“, дециден е Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Знам не го предадоа само Груевски и своите бизнис интереси

    01.07.2026 во 09:41

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик

    01.07.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.