Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се урна противпожарен хеликоптер во Јосемити, загинаа двајца пилоти
    • Апсење на скопскиот аеродром
    • МВР гори по улиците: Одземале над 400 мотори ова лето
    • Мицкоски: Со гордост ја претставуваме Македонија на Генералното собрание на ОН
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со пониски цени на горивата од земјите во регионот
    • ДЗР: Недостиг од кадар, опрема и стратешки планови за справување со катастрофи
    • УХМР: Објавени најновите податоци за водостојот на реките
    • Познат идентитетот на напаѓачот во турското училиште: Момчето има 15 години, неофицијлно позната и причината за пукањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цената на нафтата паѓа

    Цената на нафтата паѓа

    03.07.2026 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Позитивните сигнали за намалување на тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да влијаат врз светскиот нафтен пазар, при што цените на суровата нафта бележат пад, а аналитичарите не ја исклучуваат можноста трендот да продолжи и во наредните месеци.

    Британскиот „Гардијан“ наведува дека експертите од „Ситигруп“ прогнозираат оти цената на нафтата од типот „брент“ би можела да се намали на околу 60 долари за барел до крајот на годинава, што би било најниско ниво од јануари. Во меѓувреме, „брент“ веќе забележа значителен пад – од 126 долари за барел на крајот на април на околу 72 долари денес.

    На лондонскиот пазар вчера попладне барелот се тргуваше за 78 центи поевтино во споредба со претходното затворање и достигна цена од 70,79 долари, додека на американскиот пазар цената се намали за 90 центи, на 67,68 долари за барел.

    Според британските медиуми, дополнителен фактор што придонесува за стабилизирање на пазарот е обновувањето на товарењето на нафта на терминалот Рас Танура во Саудиска Арабија, откако САД и Иран воспоставија рамка за разговори со цел ставање крај на конфликтот.

    Неименувани извори и поморски податоци покажуваат дека најмалку пет супертанкери со околу 10 милиони барели нафта на „Сауди арамко“ веќе испловиле од Рас Танура и го преминале Ормускиот Теснец кон Оманскиот Залив.

    Во близина на овој терминал се наоѓаат уште четири танкери од класата VLCC, од кои три чекаат товарење, додека еден веќе е целосно натоварен.

    Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави на 23 јуни привремено ги суспендираа санкциите за извоз на иранска нафта по првата рунда разговори за прекин на конфликтот.

    Американското Министерство за финансии издаде 60-дневна дозвола која ќе биде во сила до 21 август и овозможува производство, транспорт, продажба и увоз на иранска нафта, што дополнително ги засили очекувањата за поголема понуда на светскиот пазар.

    Прочитај повеќе

    Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка

    22.09.2026 во 10:01

    Поскапе дизелот – Нови цени на горивата во Македонија

    22.09.2026 во 08:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.