- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше општината, од страна на државните институции да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и да обезбедиме вода за пиење. Останатиот дел, постапува Обвинителството, сите оние коишто се одговорни за ова ќе треба да бидат сослушани и…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат безбедносните ризици на своите згради( фасади и покриви), како и апел до општествено одговорни фирми и партнери да се вклучат со својата механизација во расчистувањето на паднатите кровни конструкции. Дополнително, хигиеничарите на ПОЦ…
Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ш. (30) од Трубарево, постапувајќи по претходна пријава. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал и упатувал закани со остар предмет кон двајца негови поранешни работодавци, а со истиот предмет оштетил гума на патничко возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.М.(51) од дебарското село Селокуќи и Ф.А.(22) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.06.2026 во 15:48 часот на Градска депонија во Дебар, каде А.М. бил вработен, започнале расправија со две лица од Дебар и притоа второпријавениот, кој не бил вработен во депонијата, со алат нападнал еден од работниците и избегал.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието. Второ и третопријавените, вработени во Јавно претпријатие…
Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево.
Вкупно 33 лица побарале медицинска помош во скопските клиники по силното невреме што го зафати главниот град, при што дел од нив се задржани на болничко лекување. Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 22 пациенти, додека на ТОАРИЛУЦ помош побарале 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. За здравствената состојба на примените пациенти во градската болница информираше директорот Небојша Настов: „Од 22 пациенти во „Св. Наум Охридски“, двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во…
Вчерашното силно невреме предизвика сериозни оштетувања на средниот и нискиот напон на електродистрибутивната мрежа низ повеќе градови во државата. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа вкупно 2.308 трафостаници на Електродистрибуција. Според соопштението на компанијата, најпогодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Струмица и повеќе други населени места. Засилени екипи работеа без престан во тешки услови на терен и успеаја да санираат дури 90 проценти од дефектите. Од Електродистрибуција информираат за моменталната состојба на теренот: „Во моментов, на територијата на целата држава, 300 трафостаници се сè уште без напојување, бидејќи паднатата вегетација на многу места целосно…
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со донесувањето на системските закони беше поставена цврста основа за реформите, но дека…
Времето утре ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.
