Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски најави одговор по масовниот руски напад врз Киев со 21 жртва

    Зеленски најави одговор по масовниот руски напад врз Киев со 21 жртва

    02.07.2026 во 21:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска вети дека неговата земја ќе одговори на масовниот руски напад врз главниот град Киев, кој беше изведен во текот на ноќта. Ова се смета за еден од најмасовните руски напади врз Киев од почетокот на војната пред повеќе од четири години.

    Според последните информации објавени од Укринформ, кои се повикуваат на Државната служба за вонредни состојби, бројот на жртвите во главниот град се искачи на 21 лице. Во нападот се повредени уште 85 лица, меѓу кои и две деца.

    Украинскиот претседател остро ги осуди нападите врз инфраструктурата и најави дејствија од украинска страна.

    „– Русија напаѓа цивилни цели само за да ја принуди Украина да се откаже од својата државност, да внесе раздор меѓу граѓанското општество и војската. На тоа сметаа во текот на целата војна. Тоа нема да се случи – рече Зеленски.“

    Украинскиот лидер во своето обраќање дополнително додаде дека Украина „сигурно“ ќе возврати на овие удари.

    На терен, украинската полиција соопшти дека нивните службеници пронашле остатоци од руска крстосувачка ракета Х-69 со касетна боева глава во областа Оболонски.

    Од друга страна, руското Министерство за одбрана преку соопштение наведе дека нападот е изведен како одговор на претходните украински напади кои предизвикаа недостиг на гориво во Русија.

    Паралелно со нападот во Киев, регистрирани се воени дејствија и во другите региони. Началникот на регионалната воена администрација, Олександр Прокудин, информираше дека еден лекар е убиен, а медицинска сестра е ранета во напад врз медицинска установа во Херсон.

    Во соседниот регион, три лица се ранети во напад врз административниот центар на градот Запорожје, соопшти на Телеграм началникот на тамушната регионална воена администрација, Иван Федоров.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.