Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По температури над 40°C, падна снег – зимата се врати во овој дел од Европа

    По температури над 40°C, падна снег – зимата се врати во овој дел од Европа

    02.07.2026 во 20:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот ден од јули донесе нагло заладување во највисоките региони на Алпите, каде по рекордно високите температури во јуни, беа забележани обилни врнежи од снег. Продорот на студен фронт ја спушти снежната граница на 2.800 до 3.000 метри надморска височина, покривајќи ги со нов снег бројните алпски врвови и глечери во Швајцарија, северна Италија, западна Австрија и Германија.

    Во некои скијачки центри и населби на голема надморска височина наврнаа локално и до 20 сантиметри нов снег, додека пониските предели беа погодени од силни бури, силен ветер, град и обилни дождови.

    Метеоролозите појаснуваат дека ваквите појави не се целосно необични за местата над 3.000 метри надморска височина, како што е локацијата Јунгфраујох на 3.454 метри, каде температурите често остануваат под нулата во текот на целата година.

    Овој ненадеен налет на студен воздух пристигна од Атлантикот и ја спушти температурата во централна и западна Европа за околу 15 степени.

    Пресвртот се случува само неколку дена по историскиот 15-дневен топлотен бран во кој Швајцарија, Германија и Франција забележаа рекордно високи температури за јуни.

    Во западните делови на Франција беа измерени рекордни 44 степени, во Германија и Полска 41 степен, додека во Париз живата во термометарот достигна 40 степени. Во швајцарскиот град Базел беа регистрирани 39 степени, а невообичаени 36 степени беа измерени и во Лондон.

    Експертите предупредуваат дека климатските промени директно придонесуваат за сè почести и поинтензивни временски екстреми, кои се движат од рекордно високи температури до ненадејни налети на студен воздух и бури.

    И покрај тоа што снегот на почетокот на јули е невообичаен за поголемиот дел од континентот, туристите во планинските центри деновиве имаа можност да уживаат во вистински зимски пејзаж среде лето.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.