Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во интервју на Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата, но дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори.
„Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, пет, десет. Ќе треба овие кои што се уплашени од мене кои што континуирано ги гледам ми претскажуваат некаков крај да се потрудат малку повеќе за тоа да трае малку пократко, а јас пак од друга страна ќе се потрудам малку повеќе за тоа трае подолго. Што подразбира тоа? Тоа подразбира дека планирам убедливо како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да предводам кон уште една огромна парламентарна победа во која што задоволен би бил доколку успееме на тие избори да го подобриме резултатот од тој кој што го имаме пред повеќе од две години. Имам уште многу работи да направам и за граѓаните и за државата бидејќи од оваа улога можам точно да видам што е она кое што погрешно било направено изминатите децении. Граѓаните заслужуваат да биде подобро, мотивиран сум и работам како никогаш повеќе во мојот живот. Се обидувам да помогнам на секој еден на кој што можам, бидејќи јас не сум чудотворец и не можам на сите да помогнам и да правам чуда. Но, во рамките на моите можности секогаш се трудам да помогнам и нормално она кое што од мене го очекуваат граѓаните да ја спроведам правдата во рамките на моите ингеренции како претседател на Владата. Така што еве уште еднаш потврдувам дека немам амбиција да бидам претседателски кандидат“, вели Мицкоски
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
- Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
- Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
- Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

