Author: Author 04

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика целосен сообраќаен колапс на главниот влез во Скопје. Според првичните неофицијални информации, камион со кран удрило во семафорската конструкција, при што семафорот паднал директно врз моторџија.Неофицијално, едно лице (мотоциклистот) е повредено и пренесено во болница. Сообраќајот е во прекин или се одвива исклучително отежнато веќе подолг период. Полицијата на терен ги пренасочува сите возила кон скопската обиколница за да се избегне целосен застој.

Повеќе

Од Министерството за внатершни работи (МВР) денеска информираа за 14 пријави за семејно насилство во последното деноноќие. Исто така посочија дека уапсени биле четири лица во Скопје, Кавадарци и гостиварско. Од МВР споделија детали за сите случаи кои биле пријавени. Вчера во 16:10 часот во ОВР Гостивар, 35-годишна жена од Кичево пријави дека, поради претходно недоразбирање, нејзиниот поранешниот сопруг Е.И. ѝ упатувал закани и агресивно се однесувал кон неа. Вчера во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.…

Повеќе

Малиот Виктор Видоевиќ има само 9 години и една голема желба – да ја победи церебралната парализа. Но, за да го направи тоа, потребна му е нашата помош. Сумата од 150.000 евра мора да се собере до 30 април, што значи дека секој поминат ден е важен. Вашата донација денес е директна инвестиција во неговото подобро утре. Не дозволувајте Виктор да ја изгуби оваа битка поради недостиг на средства. Како можете да помогнете веднаш? View this post on Instagram A post shared by Katarina ivanovska (@katarina_ivanovska)

Повеќе

Изминатите 24 часа во главниот град беа исполнети со низа насилства и кражби. Полициските станици во Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари регистрираа пријави за физички напади, додека во Волково е извршен грабеж врз повозрасно лице.На 10.03.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, В.А.(18) од с.Инџиково, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, И.Т.(38) од Скопје пријави дека на 06.03.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сосед С.Н..…

Повеќе

Вчера во 15:13 часот во СВР Скопје, од Општата градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ.(25) од Албанија. Имено, тој пријавил дека се повредил при случена сообраќајна несреќа од пред неколку дена, но по преземени мерки, лекарите утврдиле дека  тој има прострелна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(36) од село Горно Јаболчиште, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Имено, на 18.08.2025 тој пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола. По извршени проверки, констатирано е дека Т.Ј. со возачката дозвола која ја пријавил за изгубена, извршил замена за странска возачка дозвола во Германија.

Повеќе

Вчера во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат…

Повеќе

Вчера во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале. Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Од Железници на Северна Македонија АД – Скопје за „Слободен печат“ информираат дека вчеравечер избувнал пожар во возот број 641 кој сообраќал кон Куманово, а потоа требало да тргне кон Битола, поради што утринава и во текот на денот е откажана регуларната линија Скопје-Битола. Според распоредот, за Битола се предвидени три линии на ден, една рано наутро во 07:06 часот, која утринава не сообраќала, а поради пожарот и отсуството на алтернативно решение, откажани се и денешните линии во 14:30 и 20:05.

Повеќе

Вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе