Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник
    • ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

    Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

    28.07.2026 во 16:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

    Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса kirju.nikoloski@kiselavoda.gov.mk.

    Вториот повик се однесува на поддршка за купување на печки на пелети, намена за која се одвоени 300.000,00 денари. Преку оваа мерка ќе се покријат 50% од трошоците на домаќинствата за купување на печката, до максимален износ од 20.000,00 денари со вклучен данок. Услов е барателите претходно да немаат искористено субвенции за печка на пелети или инвертер од кој било извор во државата. Овој повик ќе биде отворен најдоцна до 30.11.2026 година, односно до исцрпување на предвидените финансии, додека за прашања е достапна адресата dalibor.stojanovski@kiselavoda.gov.mk.

    И за двата повика право на учество имаат домаќинствата кои не се поврзани на градското парно греење. Ќе се рефундираат средства за купувања извршени почнувајќи од 1 јануари 2026 година па сè до завршувањето на повиците. Како доказ е задолжително приложување на фискална сметка или фактура, како и извод од банка за извршена уплата во оригинална форма. Барањата можат да се подигнат од Архивата или од општинската веб-страница (www.kiselavoda.gov.mk), по што заедно со целосната документација се доставуваат исклучиво во затворен плик преку Архивата на Општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Пријавите со непотполна документација или оние пристигнати по рокот нема да се земат предвид. Сите дополнителни информации се достапни на следните линкови:

    https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/peleti2026.pdf

    https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/pecki2026.pdf

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.