60-годишен гостиварец бил приведен откако полицијата го пронашла и постапила по судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за разбојничка кражба.
Тој бил лишен од слобода на 28 октомври, на улицата „Боге Вељаноски“ во Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, каде што ќе ја издржува казната.

