Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На само 44 години почина поранешниот фудбалер на Реал Мадрид

    На само 44 години почина поранешниот фудбалер на Реал Мадрид

    27.07.2026 во 23:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот шпански фудбалер Борха Ферер почина овој понеделник на 44-годишна возраст по тешка и долга болест, објави шпанскиот медиум „Телесинко“.

    Ферер, кој е роден во Барселона на 6 февруари 1982 година, најголемиот дел од кариерата го помина во шпанските клубови Херез, Реал Мадрид, Понферада, Рајо Ваљекано, Кастелдефелс и Алкала, каде што и стави крај на професионалното играње.

    Меѓу позначајните моменти во неговата кариера беше настапот за тимот на Херез, со кој во сезоната 2001/02 оствари пласман во Втората лига на Шпанија и каде што остана четири сезони.

    Според информациите на „Телесинко“, поранешниот фудбалер во 2024 година беше подложен на сложена операција на мозокот, по што се бореше со последиците од болеста.

    Со официјално соопштение и видео-порака се огласија од редовите на Херез.

    „Херез со длабоко тага ја објавува смртта на Борха Ферер Саловера, кој беше пример за сила и отпорност во борбата против сериозна болест во последните години. Клубот сака да изрази најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и најблиските во овие тешки времиња. Нека почива во мир“, објави клубот од Кадиз.

    Сочувство и соопштенија за поддршка до семејството преку социјалните мрежи упатија и од раководството на Рајо Ваљекано.

    Прочитај повеќе

    Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион

    22.10.2026 во 22:15

    Лоши вести за Новак Ѓоковиќ

    22.10.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.