- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
Author: Author 04
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка. Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето. Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да…
Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди. Лицето било приведено…
Вистинска драма со среќен крај се одвивала во Санкт Петербург, откако 18-месечно бебе преживеа пад од неверојатни 33 метри. Херои на денот се две медицински сестри кои случајно се нашле под зградата и инстинктивно го искористиле својот капут како импровизирана заштитна мрежа. „Делувавме инстинктивно. Го видовме малото момче како се качува на работ од прозорецот и знаевме што ќе се случи. Само се погледнавме со другата жена и рековме: ‘Ајде да го фатиме’“, раскажува сестрата Ана Камасова. Благодарение на нивната присебност, детето паднало директно врз палтото, што го ублажило ударот и му го спасило животот. По лекарскиот преглед, утврдено е…
Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. „Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1 Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година. Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како…
Градоначалникот на Град Скопје денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на досегашната соработка, со посебен акцент на борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зајакнувањето на учеството на граѓаните во локалната самоуправа. Градоначалникот ги презентираше и тековните проекти на Град Скопје во областа на сообраќајната инфраструктура, јавната хигиена и зелените површини. Соговорниците разговараа и за продлабочување на соработката меѓу збратимените градови преку образовни и културни размени, како и за реализација на идни заеднички проекти насочени кон подобрување…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. „На средбата разговаравме за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси. Ја истакнавме важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани“, посочи Бегај.
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година. Од Министерството појаснуваат дека исплатата на образовниот додаток се реализира во четири мерни периоди во текот на учебната година. Исплатата за првиот мерен период се врши во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во месец мај во тековната календарска година, додека исплатата за четвртиот мерен период се реализира во текот на месец јули во тековната календарска година.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска порача дека Македонија е „рекордер“ по бројот на уставни измени и дека земјата веќе нема простор за чекори без цврсти гаранции дека нема да се појават нови барања. Одговарајќи на повикот на европратеникот Томас Вајц за итно изгласување на уставните измени, таа нагласи дека сегашниот „погоден момент“ е поврзан со Украина и Молдавија, но дека поуките од минатото се клучни. „Ништо не би имала против уставни измени доколку се работи за Копенхашките критериуми или гарантирање малцински права, но нашиот Устав веќе има највисоки стандарди за малцинствата, за разлика од многу членки на ЕУ“, изјави претседателката. Таа…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската унија, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од Реформската агенда.На средбата беше констатирано дека…
