Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен млад скопјанец – пукал со пиштол
    • Андоновски и Мацинка: Дигитализацијата носи поедноставни услуги за граѓаните и заштита од сајбер-закани
    • Кршел по дома, ја тепал мајка му со тврд предмет, полицијата уапси 29-годишен скопјанец
    • Затвореник од Штип се заканувал на сопругата дека ќе ја убие штом излезе на слобода
    • Нелегален ископ во струшко ја замати водата над 30 пати од дозволеното – поднесена кривична пријава
    • Штипјанка се јавила во полиција: Мојата малолетна ќерка е претепана од татко и
    • Божиновска се сретна со чешкиот вицепремиер Мацинка: Фокус на енергетиката и новите инвестиции
    • Герасимовски: Апликацијата на Општина Центар чинеше 200 евра, а не 6,6 милиони денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Зелената транзиција е најдобра деловна инвестиција за компаниите

    Божиновска: Зелената транзиција е најдобра деловна инвестиција за компаниите

    03.07.2026 во 15:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“. Настанот беше организиран во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност“ од страна на МНР, Стопанската комора и ОН.

    Во своето обраќање министерката порача дека одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој и конкурентност на домашните компании.

    „Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како дополнителен трошок. Денес таа е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што утре ќе извезуваат повеќе, ќе привлекуваат повеќе инвестиции и ќе отвораат нови работни места“, истакна Божиновска.

    Таа нагласи дека Министерството создава стабилна и европски усогласена регулатива која ќе им овозможи на компаниите сигурно да инвестираат и да планираат долгорочно.

    „Нашата задача е да создадеме услови во кои зелената транзиција нема да биде товар за стопанството, туку негова најголема развојна возможност. Затоа носиме модерни закони, ја поедноставуваме регулативата и обезбедуваме конкретна финансиска поддршка за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“, рече министерката.

    Божиновска потсети дека новиот Закон за енергетика веќе воспоставува современа рамка усогласена со ЕУ, додека Законот за обновливи извори претставува една од најзначајните реформи.

    Ресорното министерство сега воспоставува нов, транспарентен систем за планирање на инвестициите во електроенергетската мрежа со јасни правила за стабилност.

    „Сакаме компаниите да бидат активни учесници во новата енергетска економија, не само потрошувачи. Нашата цел е да создадеме услови секој што инвестира во сопствено производство на енергија, складирање и модерни технологии да стане дел од енергетската трансформација на државата“, нагласи Божиновска.

    Паралелно се инвестира во модернизација на електроенергетската инфраструктура, дигитализација на системот и поедноставување на процедурите за бизнис секторот.

    На крајот, министерката испрати јасна и директна порака до присутните претставници на бизнис заедницата:

    „Намалувањето на емисиите, енергетската ефикасност и декарбонизацијата не се само исполнување на европските стандарди – тие се најпаметната деловна одлука за секоја компанија што сака да биде конкурентна и успешна на долг рок. Министерството ќе продолжи да биде силен партнер на стопанството во овој процес“, порача министерката Сања Божиновска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

    20.08.2026 во 11:56

    Колку пари му требаат на едно семејство? – Августовската кошница 68.675 денари

    20.08.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.