Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски тврди: Повеќе од 30.000 руски војници се елиминирани во јули, за сè имаме видеодокази

    Зеленски тврди: Повеќе од 30.000 руски војници се елиминирани во јули, за сè имаме видеодокази

    05.08.2026 во 10:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно вечерно обраќање објави податоци за кои тврди дека ги претставуваат руските загуби во човечки ресурси во текот на изминатиот месец.

    Според неговите тврдења, воените единици на Украина во јули неутрализирале повеќе од 30.000 противнички војници.

    Вкупно, во јули, сите наши единици на фронтот елиминираа 30.272 Руси – особено користејќи беспилотни летала. Оваа бројка ги вклучува и мртвите и тешко ранетите. И оваа бројка ги вклучува само случаите за кои има јасни видео докази – изјави Зеленски.

    Тој посочи дека ваквите податоци покажуваат оти состојбата на теренот ја задржува истата динамика.

    Секој месец, Русите губат околу 30.000 војници. Нашата армија и сите единици на украинските одбранбени и безбедносни сили ќе имаат уште повеќе беспилотни летала. Им благодарам на сите што ја бранат Украина и нашиот народ, и на сите што ни помагаат со ракети за воздушна одбрана! Воздушната одбрана е врвен приоритет. Важно е нашите партнери да ја слушнат Украина и да знаат дека секој пакет за нашата воздушна одбрана навистина штити животи – заклучи украинскиот претседател.

    Паралелно со оваа изјава, Русија изврши масовен напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Украина. Во нападот врз главниот град и Киевскиот регион загинаа најмалку 15 лица, а 51 беа ранети.

    Нападите следуваат по изјавата на американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, кој истакна дека долгорочниот договор за лиценцирано производство на ракети-пресретнувачи „Патриот“ во Украина нема да биде подготвен до претстојната зима.

    Инаку, системот „Патриот“ е еден од ретките одбранбени системи во светот со можност за соборување на балистички ракети.

    Прочитај повеќе

    Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка

    17.09.2026 во 23:46

    Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина

    17.09.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.