Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати

    17.11.2026 во 11:25

    Тренчевска бара оставка од Тошковски

    17.11.2026 во 11:15

    Нова затворска казна од 17 месеци за Хашим Тачи поради попречување на правдата

    17.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати
    • Тренчевска бара оставка од Тошковски
    • Нова затворска казна од 17 месеци за Хашим Тачи поради попречување на правдата
    • Проверувајте ги сметките – Ќе легнат пари до крај на месецот
    • Казни за неподготвените возачи – МВР потсетува што мора да поседувате во возилото
    • Железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза
    • Воен авион се урна во Србија
    • Од пролетни 23 степени до вистинска зима: Температурите паѓаат за 10 степени, доаѓа и првиот снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати

    Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати

    17.11.2026 во 11:252 Mins Read
    ФОТО: AI Generated
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 14 лица го загубија животот, а 30 се повредени во тешка верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа 18 патнички возила и пет камиони во емиратот Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи повикувајќи се на прелиминарните податоци.

    Според полициските информации, несреќата се случила на патот „Шеик Калифа бин Зајед“, на самиот влез во емиратот, по судир меѓу камион и неколку автомобили. На терен веднаш интервенирале полициски екипи, служби за итна медицинска помош и цивилна заштита, кои им укажале прва помош на повредените и ги транспортирале во болница, додека специјализираните тимови продолжуваат со расчистување на теренот.

    Полицијата во Фуџаира отвори истрага за утврдување на причините и околностите на несреќата, апелирајќи до граѓаните да не шират гласини и непроверени информации, особено во врска со бројот на жртвите и нивната националност.

    Ова е втора сериозна сообраќајна несреќа во овој емират за два дена. Во одделен инцидент што се случи околу полноќ на 10 ноември на патот меѓу Фуџаира и Хор Факан, автомобил со четири патници удрил во паркиран камион, при што загинале две лица, а две биле пренесени во болницата „Шеик Калифа“.

    Поради зачестените инциденти, портпаролот на полицијата во Фуџаира, Салех Мохамед Абдула Ал Дахани, предупреди на опасноста од камиони паркирани подолго време покрај коловозните ленти и ги повика возачите да ја приспособат брзината, да одржуваат безбедно растојание и да избегнуваат ненадејно престројување и користење мобилни телефони при возење.

    Прочитај повеќе

    Нова затворска казна од 17 месеци за Хашим Тачи поради попречување на правдата

    17.11.2026 во 11:13

    Железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза

    17.11.2026 во 10:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.