Close Menu
Press24
    Најново

    Казни за неподготвените возачи – МВР потсетува што мора да поседувате во возилото

    17.11.2026 во 10:51

    Железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза

    17.11.2026 во 10:47

    Воен авион се урна во Србија

    17.11.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Казни за неподготвените возачи – МВР потсетува што мора да поседувате во возилото
    • Железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза
    • Воен авион се урна во Србија
    • Од пролетни 23 степени до вистинска зима: Температурите паѓаат за 10 степени, доаѓа и првиот снег
    • Нов случај ја потресе Македонија: Битолчанец ја давел и тепал девојката, Обвинителството бара притвор
    • Тоневски: Младите брачни парови во Пробиштип се ослободени од плаќање комуналии за изградба на куќа
    • Арсовски: Спорот за правосудниот испит може да стане повод за предвремени избори
    • СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ги задолжат граѓаните за нови 2 милијарди евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Казни за неподготвените возачи – МВР потсетува што мора да поседувате во возилото

    Казни за неподготвените возачи – МВР потсетува што мора да поседувате во возилото

    17.11.2026 во 10:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила што учествуваат во јавниот сообраќај. Мерката ќе важи до 15 март следната година, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Согласно законските прописи за безбедност на сообраќајот на патиштата, секој возач е должен да има соодветна зимска опрема, во зависност од видот, тежината и техничките карактеристики на возилото.

    За патничките возила со тежина до 3.500 килограми, дозволена е употреба на зимски гуми на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри. Како алтернатива може да се користат летни гуми со иста минимална длабочина, но во тој случај задолжително е поседување синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.

    Посебни правила важат за возилата со погон на четири тркала. Кај нив, зимските пневматици треба да имаат шара длабока најмалку 6 милиметри, додека при користење летни гуми минималната длабочина е 4 милиметри, со задолжително поседување синџири за снег.

    За товарните возила со тежина над 3.500 килограми, потребни се зимски пневматици на погонските тркала со најмалку 6 милиметри длабочина на шарата. Дозволени се и летни гуми со минимална длабочина од 4 милиметри, доколку возилото има соодветни синџири за снег.

    Автобусите и товарните возила кај кои конструкцијата не дозволува поставување синџири на погонските тркала мора да бидат опремени со зимски пневматици на погонските тркала и лопата.

    Од МВР појаснуваат дека за зимски пневматици се сметаат оние што ги имаат ознаките „MS“, „M+S“ или „M&S“, како и симболот на снегулка во стилизирана планина со три врва. Воедно, потсетуваат дека употребата на гуми со клинци во патниот сообраќај е забранета.

    Надлежните апелираат возачите навреме да ги подготват своите возила и да ги почитуваат пропишаните правила, со цел да се намали ризикот од сообраќајни незгоди и да се обезбеди побезбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нов случај ја потресе Македонија: Битолчанец ја давел и тепал девојката, Обвинителството бара притвор

    17.11.2026 во 10:40

    Тоневски: Младите брачни парови во Пробиштип се ослободени од плаќање комуналии за изградба на куќа

    17.11.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.