Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ги задолжат граѓаните за нови 2 милијарди евра

    17.11.2026 во 10:21

    Герасимовски: Ги охрабруваме жените да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност

    17.11.2026 во 10:10

    Инцидент пред српското Собрание: Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница

    17.11.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ги задолжат граѓаните за нови 2 милијарди евра
    • Герасимовски: Ги охрабруваме жените да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност
    • Инцидент пред српското Собрание: Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница
    • „Нов ден, нов монструм – Добро утро Македонијо” – Естрадата бесна по случајот со Сара
    • Неочекуван пресврт на патувањето на Трамп: „Ер Форс Уан“ пренасочен во Алјаска, на пистата го чекал и резервниот авион
    • Скопјанец седнал во „Ауди“ со пиштол и куршуми
    • На скопјанец му се заканувале на социјални мрежи – Потоа добил порака на автомобилот
    • ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ: Членството им бега, рејтингот им се топи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ги задолжат граѓаните за нови 2 милијарди евра

    СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ги задолжат граѓаните за нови 2 милијарди евра

    17.11.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ ја обвини министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека ја манипулира јавноста со тврдењата за две милијарди евра долг што треба да се врати во 2027 година, посочувајќи дека податоците во Предлог-буџетот за следната година покажуваат поинаква слика.

    Од партијата велат дека самата министерка во Предлог-буџетот, на страниците 16 и 17, навела дека за отплата на долгот се предвидени 64,6 милијарди денари, односно околу една милијарда евра.

    „Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансира преку домашно и странско задолжување“, се наведува во документот, цитиран од СДСМ.

    Од партијата тврдат дека од оваа сума околу 500 милиони евра се однесуваат на еврообврзницата издадена во 2023 година, додека остатокот го поврзуваат со задолжувањата на актуелната влада.

    СДСМ оценува дека со ова паѓаат тврдењата за две милијарди евра наследен долг што треба да се врати во 2027 година и обвинува дека Владата на Мицкоски во меѓувреме создала нови задолжувања.

    „Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година“, обвинуваат од СДСМ.

    Како дополнителен аргумент, од партијата посочуваат дека во истиот Предлог-буџет е предвидено задолжување од 121 милијарда денари, односно околу две милијарди евра, во текот на 2027 година.

    Според СДСМ, овие бројки покажуваат дека Владата планира ново задолжување, а не станува збор само за враќање на долгови наследени од претходната власт.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Ги охрабруваме жените да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност

    17.11.2026 во 10:10

    „Нов ден, нов монструм – Добро утро Македонијо” – Естрадата бесна по случајот со Сара

    17.11.2026 во 09:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.