Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент пред српското Собрание: Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница

    17.11.2026 во 10:02

    „Нов ден, нов монструм – Добро утро Македонијо” – Естрадата бесна по случајот со Сара

    17.11.2026 во 09:56

    Неочекуван пресврт на патувањето на Трамп: „Ер Форс Уан“ пренасочен во Алјаска, на пистата го чекал и резервниот авион

    17.11.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент пред српското Собрание: Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница
    • „Нов ден, нов монструм – Добро утро Македонијо” – Естрадата бесна по случајот со Сара
    • Неочекуван пресврт на патувањето на Трамп: „Ер Форс Уан“ пренасочен во Алјаска, на пистата го чекал и резервниот авион
    • Скопјанец седнал во „Ауди“ со пиштол и куршуми
    • На скопјанец му се заканувале на социјални мрежи – Потоа добил порака на автомобилот
    • ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ: Членството им бега, рејтингот им се топи
    • По 14 години власт, СНС заминува во опозиција: Студентската листа со апсолутно мнозинство во српскиот парламент
    • Скопјанка преживеала хорор во автобус
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инцидент пред српското Собрание: Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница

    Инцидент пред српското Собрание: Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница

    17.11.2026 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидија Вукиќевиќ била полиена со јогурт на скалите пред главниот влез во српското Собрание, каде што денеска се одржува конститутивната седница на новиот парламентарен состав.

    Додека таа пристигнувала во законодавниот дом, еден од присутните граѓани ѝ истурил јогурт врз косата. Собраната маса со свирежи ги пречекала кандидатите за пратеници од листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, меѓу кои биле Вукиќевиќ и Арно Гујон. Претходно, во зградата на парламентот влегле и Александар Вучиќ и Милош Вучевиќ.

    Собирот пред Собранието е организиран на повик на студентите, со цел да ги испратат избраните пратеници од Студентската листа на првата седница. Студентите апелираа до граѓаните по испраќањето мирно да се разотидат и работата на парламентот да ја следат од своите домови или од други локации.

    На дневен ред на денешната седница се шест точки, вклучувајќи го потврдувањето на пратеничките мандати, изборот на претседател и потпретседатели на Собранието, именувањето генерален секретар, како и изборот на членови на работните тела и меѓународните делегации.

    Според конечните изборни резултати, Студентската листа има апсолутно мнозинство со освоени 140 пратенички места, листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ брои 103 мандати, додека малцинските листи освоија вкупно седум места. Со конституирањето на овој состав официјално започнува да тече рокот од 90 дена за формирање на новата влада.

    Прочитај повеќе

    По 14 години власт, СНС заминува во опозиција: Студентската листа со апсолутно мнозинство во српскиот парламент

    17.11.2026 во 09:31

    Дипломатски скандал во Брисел: Со српска песна за Косово отворен самитот за проширување

    16.11.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.