Маж на возраст од 42 години бил приведен во Скопје откако физички нападнал 59-годишна жена во автобус, по претходно недоразбирање меѓу нив.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 15 ноември, на подрачјето на скопската населба Бутел. Полициски службеници го привеле Д.М. (42) од Скопје, постапувајќи по пријава дека во автобус физички ја нападнал В.К. (59).
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

