Најниска утринска температура денеска е измерена во Берово, каде живата во термометарот се спуштила до само 1 степен, додека највисоки утрински вредности се регистрирани во Охрид и Велес, со 10 степени Целзиусови, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Студено утро е регистрирано и на Попова Шапка со 3 степени, во Маврови Анови со 4, како и во Крива Паланка и Штип, каде се измерени по 5 степени.
Температура од 6 степени е измерена во Тетово, Виница, Крушево и Лазарополе, додека во Битола, Прилеп, Кавадарци и Струмица се регистрирани 7 степени. Во Претор и Демир Капија утринската температура изнесувала 8 степени, а во Скопје, на мерните места Зајчев Рид и Петровец, како и во Гевгелија, биле измерени 9 степени.
Во изминатите 24 часа, најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Пожаране, каде наврнале 20 литри на квадратен метар. Следуваат Лазарополе со 18, Попова Шапка со 16 и Тетово со 13 литри на квадратен метар.
Во Претор наврнале 10 литри дожд, во Крива Паланка и Крушево по 9, во Охрид 8, во Скопје-Петровец 7, а во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Велес по 6 литри на квадратен метар.
За денеска метеоролозите најавуваат претежно сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне во одделни котлини можна е појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе биде засилен. Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност, а во делови од котлината претпладне можна е појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе достигне до 16 степени.

