Поради планирани технички интервенции, замена на столбови и реконструкција на дистрибутивната мрежа, денеска (вторник, 17 ноември 2026 година) повеќе корисници во скопските општини Илинден, Петровец, Ѓорче Петров и Центар ќе останат без електрична енергија.
Во општина Илинден, во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери, како и жителите и околните фирми на улицата „27“. Прекинот е поради замена на пет столбови на изводи од трафостаницата Белимбегово 6 ПВПП.
Во Петровец, од 09:00 до 16:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има кај училиштето и поштата, во „Еуроиталија“, во селото Р’жаничино, како и кај објектите „Радио фар Р’жаничино“, „Иванов Р’жаничино“ и „Маклаб Р’жаничино“. Причината е реконструкција и поправки на 10-киловолтната мрежа.
Во општина Ѓорче Петров, без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе остане дел од улицата „Анастас Коцарев“.
Дополнително, во општина Центар, од 12:00 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има за дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ број 46.

