Close Menu
Press24
    Најново

    35 години од првиот Устав: Денот кога Македонија ги постави темелите на независната држава

    17.11.2026 во 08:07

    Судење за Пулс: Ќе сведочи ќерката на Газда Деко

    17.11.2026 во 08:04

    Тотален временски пресврт: Денеска сонце, од утре многу лоша промена

    17.11.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 35 години од првиот Устав: Денот кога Македонија ги постави темелите на независната држава
    • Судење за Пулс: Ќе сведочи ќерката на Газда Деко
    • Тотален временски пресврт: Денеска сонце, од утре многу лоша промена
    • Хаџи Василева: Го немам бројот на премиерот, но работата бара комуникација со Владата
    • Али Ахмети: Не чекаат тешки денови, знае и Мицкоски – потребни ни се предвремени избори
    • (ВИДЕО) Кравите од Крива Паланка почнаа да шетаат и низ училишен двор
    • Макрон: Дадов сè од себе за Франција, и покрај грешките
    • Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 35 години од првиот Устав: Денот кога Македонија ги постави темелите на независната држава

    35 години од првиот Устав: Денот кога Македонија ги постави темелите на независната држава

    17.11.2026 во 08:072 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешен ден, 17 ноември 1991 година, Собранието на Република Македонија го донесе првиот Устав на независната македонска држава, со што беа поставени темелите на нејзиното уставно и правно уредување.

    Историскиот чин се случи во период на големи политички промени и распаѓање на поранешната југословенска федерација, по референдумот од 8 септември 1991 година, на кој граѓаните се изјаснија за создавање самостојна и суверена држава.

    Со донесувањето на Уставот, Македонија беше дефинирана како суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Највисокиот правен акт ги утврди основните принципи на парламентарната демократија, поделбата на власта, заштитата на човековите права и слободи, како и институционалното функционирање на независната држава.

    Уставните темели се поврзани со историските стремежи за македонска државност и борбата за слобода и независност, втемелени во традициите на Крушевската Република и АСНОМ, како и во заложбите за демократско уредување и почитување на правата и слободите на граѓаните.

    На донесувањето на Уставот му претходеше Декларацијата за независност, усвоена од првиот повеќепартиски состав на Собранието на 25 јануари 1991 година. Сепак, процесот на осамостојување беше проследен и со политички несогласувања. Дел од граѓаните од албанската етничка заедница го бојкотираа референдумот, додека пратениците Албанци не го поддржаа новиот Устав.

    Меѓународното признавање на државата беше потврдено на 8 април 1993 година, кога Република Македонија стана 181. полноправна членка на Обединетите нации. Поради противењето на Грција на уставното име, приемот беше реализиран под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

    Во изминатите децении Уставот претрпе повеќе измени и дополнувања. Меѓу позначајните се амандманите од 2001 година, по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како и уставните измени од 2019 година, со кои името на државата беше променето во Република Северна Македонија.

    По повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав, денеска во Собранието ќе се одржат повеќе панел-дискусии посветени на историскиот процес на осамостојување и значењето на највисокиот правен акт во градењето на државноста.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Судење за Пулс: Ќе сведочи ќерката на Газда Деко

    17.11.2026 во 08:04

    Тотален временски пресврт: Денеска сонце, од утре многу лоша промена

    17.11.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.