Close Menu
Press24
    Најново

    Корабоски зад решетки 30 дена

    17.11.2026 во 09:12

    Дневен хороскоп: Еден знак ќе добие нова можност, друг ќе се соочи со љубовна дилема

    17.11.2026 во 09:09

    Студено утро во Македонија, од 1 до 10 степени – УХМР информира каде врнеше најмногу

    17.11.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Корабоски зад решетки 30 дена
    • Дневен хороскоп: Еден знак ќе добие нова можност, друг ќе се соочи со љубовна дилема
    • Студено утро во Македонија, од 1 до 10 степени – УХМР информира каде врнеше најмногу
    • Македонец се бори за живот во Италија: Паднал од два метра, завршил на интензивна нега
    • Ден посветен на верата и смирението: Денеска се чествува Преподобен Јоаникиј Велики
    • Од полноќ нови цени на бензинските пумпи
    • Ќе снема вода во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • „Бизнисот колабира“: Николоски бара ЕУ итно да го реши проблемот со камионџиите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Корабоски зад решетки 30 дена

    Корабоски зад решетки 30 дена

    17.11.2026 во 09:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Охрид му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен за физички напад врз неговата 26-годишна партнерка Сара Ѓ.

    Против него се води постапка за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

    Според информациите од Обвинителството, при вршење семејно насилство, осомничениот наводно противправно ја затворил партнерката, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил нејзината сигурност.

    По пријавениот настан, јавниот обвинител презел повеќе дејствија за утврдување на околностите. Била сослушана оштетената во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење за видот и карактерот на повредите што ги здобила.

    Одлуката за притвор е донесена по предлог на надлежното обвинителство, со цел обезбедување на непречено водење на постапката.

    Случајот доби дополнителна димензија откако беше приведен и таткото на Сара. Тој бил задржан во полициска станица по пријава од мајката на Кристијан Корабоски, која тврдела дека таткото на девојката телефонски му упатувал закани на нејзиниот син и на целото семејство. За него беше најавено поднесување соодветна пријава.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Студено утро во Македонија, од 1 до 10 степени – УХМР информира каде врнеше најмногу

    17.11.2026 во 08:58

    Македонец се бори за живот во Италија: Паднал од два метра, завршил на интензивна нега

    17.11.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.