Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нелегално превезувал патници: Поднесена пријава против маж од струшко Радолишта
    • Сообраќајка во Кичево: Без возачка дозвола удрил со мопед во паркиран автомобил и заврши во болница
    • И покрај активна забрана сепак седнал зад волан и тоа пијан – Полицијата приведе стружанец
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во 11 часот
    • Се закануваат силни ветрови, поплави и одрони – Мексико на удар на ураганот Поло
    • Мицкоски: Со модернизацијата на хидроцентралите ќе произведуваме повеќе струја
    • Мицкоски: Не треба да го обвинуваме Брисел, претходната влада ставила потпис
    • Ужас на познат факултет: Студентка издрогирана, претепана и групно силувана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Втората вечер на Фестивалот „Чаршија“ го донесе духот на шпанското фламенко во Скопје

    Меџити: Втората вечер на Фестивалот „Чаршија“ го донесе духот на шпанското фламенко во Скопје

    24.07.2026 во 23:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Втората вечер на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ги донесе во Скопје ритамот и духот на шпанското фламенко, преку впечатливиот настап на Алба Биоке и квартетот „Корени и ветер“ од Барселона. На вечерта присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, Неговата Екселенција Рафаел Соријано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија во Северна Македонија, како и бројни гости и љубители на уметноста.

    Шпанската традиција природно се спои со атмосферата на Скопје, внесувајќи нова уметничка димензија во првото издание на фестивалот и потврдувајќи го неговиот меѓународен карактер.

    „Фестивалот ‘Чаршија’ го претвора Скопје во место каде што културата ги надминува границите и каде што уметници од различни земји ги претставуваат својата историја, идентитет и уметност пред нашата публика. Првото издание само што започна, но енергијата на овие вечери покажува дека ‘Чаршија’ има сè што е потребно за да прерасне во настан што со нетрпение ќе го очекуваме секое лето“, истакна Меџити.

    Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, во организација на Општина Чаир, продолжува и во следните вечери со домашни и меѓународни уметници, со цел да изгради нова годишна традиција и да го афирмира Скопје како место на средба на музиката, уметноста и различните култури.

    Прочитај повеќе

    Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето

    29.09.2026 во 09:49

    Дневен хороскоп: Време е за одмор наместо за големи очекувања

    29.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.