Author: Author 04

Три лица, меѓу кои мајка и нејзините две малолетни деца, загинаа во страшен пожар што попладнево избувна во нивната семејна куќа во селото Домен, во близина на Скадар. Според првичните информации од увидот, огнот избувнал во кујната додека жената подготвувала храна и со голема брзина се проширил низ објектот, блокирајќи ги излезите за семејството. “Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и пол, односно три години. Истрага треба да ги разјасни причините за трагедијата, стои во полициското соопштение. На местото на настанот полициските екипи пронашле експлодирана плинска боца и…

Повеќе

Општина Центар објави јавен повик за доделување еднократна парична помош за физичките и правните лица кои претрпеа материјални штети од неодамнешното силно невреме, информираше градоначалникот Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5. Герасимовски посочи дека по невремето сите општински служби веднаш биле мобилизирани за расчистување на теренот. „Веднаш по невремето излеговме на терен и веднаш го свикавме Кризниот штаб. Од првиот момент сите служби беа целосно мобилизирани и се работеше деноноќно. Благодарен сум на сите вработени и служби кои со огромна посветеност работеа на расчистување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните“, истакна Герасимовски. Тој…

Повеќе

„Во 21 век да се случи вакво загадување на водоводот со колиформни бактерии е рамно на катастрофа. Обично вакви случаи има при поплави или други елементарни непогоди. Сите што имаат одговорност треба да одговараат“, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека случајот со Гостивар покажува сериозни пропусти на оваа валст како и во лошата институционалната комуникација. „Кога зборуваме за Гостивар, мора да бидеме јасни и да кажеме дека одговорноста треба да биде од врвот надолу. Тука не ја амнестираме ниту локалната самоуправа, но најголемата одговорност треба да оди на сметка на владејачката партија, затоа…

Повеќе

Температурите во одделни делови на Германија утре се очекува да пораснат до 39 степени Целзиусови, во рамките на најновиот топлотен бран што ја погоди Европа. Според информациите од Германската метеоролошка служба (DWD), утрешниот ден се предвидува да биде најтоплиот од актуелниот бран. Температурните вредности ќе се движат од 26 до 31 степен долж брегот, додека во поголемиот дел од земјата ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени. Покрај високите температури, метеоролозите предупредуваат и на ризик од силни олујни ветрови со орканска јачина, како и силни грмотевици во северниот дел на земјата. „При вакви брзини на ветерот, дрвјата можат да бидат…

Повеќе

Град Скопје утре и задутре ќе ја реализира новата фаза од авионскиот третман против возрасни комарци на подрачјето на главниот град. Од градските власти соопштуваат дека акцијата ќе се спроведе доколку временските услови бидат поволни. Во случај на дожд или засилен ветер, прскањето ќе се одложи за првиот нареден ден кога ќе има соодветни услови, за што јавноста дополнително ќе биде известена. „Град Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје“, се наведува во соопштението од Градот. Акцијата се спроведува согласно годишната…

Повеќе

Млад лав ја умртви лавицата со која престојувал во ист кафез во Зоолошката градина во Загреб, соопштија денеска од оваа институција преку нивната официјална фејсбук-страница. Инцидентот се случил неочекувано, иако процесот на нивно спојување претходно течел без никакви знаци на агресија. „Младиот лав Уганда ја нападна лавицата Таири и ја уби. Меѓу дивите животни се случуваат конфликти, што е дел од нивното природно однесување“, објавија од Зоолошката градина во Загреб. Од установата појаснуваат дека младите лавови се животни со голема сила, поради што нивното запознавање се одвивало со посебни безбедносни протоколи. „На 10 јули, тие беа успешно обединети во помошниот…

Повеќе

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти со поддршка на Европската Унија, кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во фокусот на разговорите беа тековните и идните активности во областите што ги покрива Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и визијата, приоритетите и можностите за нивна понатамошна реализација со поддршка од Европската Унија. Соговорниците се согласија дека успехот на секој проект и политика се мери преку нивното ефективно…

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени. Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 20:50 часот во СВР Скопје, Ф.К.(60) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 20:40 часот во двор на семејната куќа во селото слушнал истрел, по што забележал дека била оштетена хаубата на паркирано патничко возило „фоксваген голф“, сопственост на неговиот син М.К. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.

Повеќе

Седумгодишно девојче од Молдавија, кое беше тешко повредено во трагичната сообраќајна несреќа на Халкидики, успеа да се избори за својот живот и е исклучено од апаратите за одржување во живот, пренесува грчкиот портал „Прототема“. Малата Патриција е префрлена на Клиниката за детска хирургија во болницата „Папагеоргиу“ во Солун. Во тешката сообраќајка што се случи на 15 јуни на патот Неа Муданија – Ситонија, девојчето ги загуби двајцата родители и својот шестмесечен брат. По несреќата, девојчето прво било однесено во Општата болница во Полигирос, а истата вечер било префрлено во „Папагеоргиу“, каде што врз него биле извршени две итни операции од…

Повеќе