Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Следува финансиска поддршка за оштетените по силното невреме

    Герасимовски: Следува финансиска поддршка за оштетените по силното невреме

    29.07.2026 во 19:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар објави јавен повик за доделување еднократна парична помош за физичките и правните лица кои претрпеа материјални штети од неодамнешното силно невреме, информираше градоначалникот Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5.

    Герасимовски посочи дека по невремето сите општински служби веднаш биле мобилизирани за расчистување на теренот.

    „Веднаш по невремето излеговме на терен и веднаш го свикавме Кризниот штаб. Од првиот момент сите служби беа целосно мобилизирани и се работеше деноноќно. Благодарен сум на сите вработени и служби кои со огромна посветеност работеа на расчистување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните“, истакна Герасимовски.

    Тој појасни дека општинските екипи првенствено реагирале на најкритичните точки во општината.

    „Отстранувавме опасни лимови, расчистувавме паднати дрвја, интервениравме со механизација на повеќе локации и постојано ги следевме приоритетите на терен. Најважно ни беше да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните и што побрзо да ја нормализираме состојбата“, рече Герасимовски.

    Во однос на финансиската поддршка за оштетените објекти, тој објасни дека аплицирањето ќе трае во следните два месеци.

    „Јавниот повик ќе трае два месеци. Право да аплицираат имаат физички и правни лица кои имаат недвижен имот на територијата на Општина Центар, а кои претрпеле штети на кровни конструкции и фасади. Формиравме комисија составена од претставници на Советот и општинската администрација, со цел постапката да биде целосно транспарентна и објективна“, нагласи Герасимовски.

    Првиот човек на Центар ги повика сите засегнати жители да ги достават своите барања според насоките објавени на официјалната веб-страница на општината.

    „Нашата обврска не завршува со расчистувањето на последиците. Продолжуваме да им помагаме на граѓаните и преку институционална и финансиска поддршка, затоа што во вакви ситуации најважни се брзата реакција, солидарноста и грижата за секој граѓанин“, порача Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.