- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
- Три хороскопски знаци стануваат магнет за пари во овој период – Хороскоп од 22 до 28 јуни
- Драма во велешко: Седумдесет и петгодишник со остар предмет нападнал сожител
- Одлични вести: Цената на нафтата бележи голем пад
- Средба Мицкоски – Димитриевски в сабота: ЗНАМ бара детали за најавената реконструкција на Владата
- Метео-предупредување: УХМР најавува сончево и топло, попладне можни пресврти
Author: Author 04
Скопската полиција бележи серија тешки физички пресметки изминатото деноноќие.На 10.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, С.Е.(26) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 09.03.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од три лица, кои употребиле тврди предмети и остар предмет, при што му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, од здравствена установа на подрачјето на Карпош е пријавено дека на 09.03.2026 околу 22:50 часот пациентот Б.Ш.(40) од Велес агресивно се однесувал и упатил закани кон вработени лица во установата,…
Вчера околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 188 став 5 од Kривичниот законик.
Денешната 538. седница на Судскиот совет ги извади на површина сериозните сомнежи за нестручно и несовесно работење во Апелациониот суд Скопје. Извештаите на работните групи открија дека поради „неразумно одолжување“, еден важен предмет, кој бил во судот година и пол, доживеал апсолутна застареност на 30 декември 2025 година. За овој случај биле закажани дури 16 јавни расправи, што според членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска, е јасен индикатор дека судијата не сторил доволно напори предметот да заврши навреме. Дополнително, констатирани се прекршувања на законските рокови за објава на пресуди, со што директно се прекршува Законот за кривична постапка.
Премиерот Христијан Мицкоски за денеска во 16:00 часот закажа итна средба со претставниците на големите маркети и трговците. Пред состанокот, тој нагласи дека државата располага со силни аргументи кои покажуваат дека нема објективна причина за зголемување на цените на основните производи. Мицкоски подвлече дека Македонија во моментов има најниски цени на горивата и најниска инфлација во целиот регион. Според него, снабдувањето со нафта е стабилно и компаниите имаат доволно резерви, со што се елиминираат стравувањата од евентуални ценовни шокови.
Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (12.03.2026, четврток), неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните за следниот распоред:
Денешното рочиште за случајот „Онкологија“ донесе шокантни детали за начинот на кој се воделе пациентите на скопската Клиника. Вештото лице Милан Ристевски сведочеше дека во периодот од 2018 до 2022 година, од вкупно 536 пациенти со рак на бели дробови, за дури 50 лица воопшто не биле пронајдени медицински досиеја. Ристевски посочи на сериозни отстапувања во препишувањето на терапиите, особено кај лекот „бевацизумаб“ кај 12 пациенти. Според него, документацијата на одделот на обвинетиот д-р Нино Васев била „сиромашна со информации“, што тој го припиша на огромниот притисок и прегледувањето на по 50 пациенти дневно, но нагласи дека тоа не смее…
По повод една година од трагичниот пожар во кочанската дискотека, в сабота (14 март) во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција на која ќе учествуваат медицински експерти од 37 држави. Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска најави дека целта на овој собир е анализа на институционалниот одговор и долгорочната рехабилитација на настраданите. На конференцијата ќе присуствуваат доктори од Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, но и од Австрија, Шведска и Полска – земји кои ги отворија своите клиники за лекување на најтешко повредените. „Државата останува доследна на ветувањето дека поддршката за жртвите и нивните семејства нема да биде еднократна, туку системска“, порача…
Лажни пораки наводно испратени од МВР за сообраќајни прекршоци стигнуваат до граѓаните. Од СВР Охрид алармираат граѓаните да не наседнуваат на овие измами и да не ги отвораат линковите за наплата. Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок. Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата…
Министерството за финансии (МФ) по спроведен надзор алармира за низа измамнички практики кај финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Констатирано е дека многу од нив ги доведуваат граѓаните во заблуда преку рекламирање „бесплатни“ кредити со нула проценти камата, додека во договорите сокриваат високи дополнителни трошоци. МФ им наложи на сите друштва веднаш да ги отстранат спорните реклами и натписи кои ги мамат потрошувачите. „Одредена трговска практика е измамничка доколку изостануваат битни информации потребни за правилна одлука“, прецизираат од министерството, најавувајќи остри мерки доколку неправилностите не се исправат.
Вчера во 09:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Електрана ТЕЦ Осломеј, при работа и сервисирање на работна машина, со повреди се здобил Л.С.(62) од Куманово. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на незгодата, увид извршија полициски екипи и овластени службени лица од трудова инспекција. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
